22.01.2026
Почитувани,
Здружение за промоција на женската активност ТИИИИТ! ИНК. – Скопје објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:
1.Општи услови
Набавувач на услуги: Здружение за промоција на женската активност ТИИИИТ! ИНК. – Скопје со седиште на ул. Јордан Хаџиконстантинов Џинот 4/3-9 во Скопје.
Предмет на барањето: Барање за прибирање на понуди за ревизорски услуги
Здружение за промоција на женската активност ТИИИИТ! ИНК. – Скопје заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање и го доставува до селектирани добавувачи.
Набавката на ова Барање не е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес за понудените стоки и услуги.
2. Понуда
- ▪️ Понуда за независно и стручно мислење во вид на ревизорски извештај на Завршна сметка и годишното работење на Здружението Тиииит!Инк.- Скопје за 2025 година со расходи во износ од 8.450.000 мкд
- ▪️ Понудата треба да ги содржи сите елементи по Меѓународни стандарди за ревизија (МСР)
- ▪️ Со понудата треба да се достави документ за регистрирана дејност издаден од Централниот Регистар на Република Македонија за дејноста за која ја доставува својата понуда
- ▪️ Со понудата треба да се достави список на извршени услуги за кои ја поднесуваат својата понуда, извршени во последните три години
3. Критериуми за избор на најповолен понудувач:
- ▪️ Цена
- ▪️ Квалитет
Цената носи максимум 80 бодови, квалитетот носи максимум 20 бодови. За добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.
4. Облик и содржина на понудата
Понудата се изработува во писмен облик со понудена цена во денари
Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт
Карактеристики на понудата
Рок и начинот на испорака на стоките и услугите
Рок и начин на плаќање
Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса tiiiit.inc@gmail.com најдоцна до 05.02.2026 година до 16 часот.