28 мај – Меѓународен ден на менструалната хигиена: Менструацијата не смее да биде луксуз! 🩸

0nbfcevjzs2lytsakuz2

Во време кога зборуваме за човекови права, родова еднаквост и социјална правда, сè уште живееме во општество во кое менструацијата е табу, девојките и жените во Македонија сè уште се соочуваат со менструална сиромаштија, недостапност на соодветни производи, недостаток на информации и несоодветни хигиенски услови.
 

 
Дел од наодите од истражувањето за менструалната правда на Тиииит! Инк. во соработка со РЕАКТОР – Истражување во акција објавено во 2021 година укажаа на тоа дека менструалните продукти се премногу скапи, жените и девојките во Македонија купуваат ефтини менструални продукти, наместо квалитетни, а голем дел од нив се нашле во ситуација да немаат пари да купат влошки и морале да импровизираат со крпи или тоалетна хартија. Овие податоци говорат јасно дека менструацијата не е само биолошко, туку и социјално прашање. Прашање на правда, пристап и достоинство.
Затоа, во изминатите три години организациите Тиииит! Инк. и PERIOD Skopje заедно организираа јавни настани и акции за рушење на табуата околу менструацијата, а оваа година го одбележуваме 28 Мај – Меѓународниот ден на менструалната хигиена со „Paint and Wine“, во 19:00 часот во Лабораториум. Местата за учество на настанот се веќе пополнети!
 

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4