Ружица Јосифовска номинирана за WOW награди

Ружица Јосифовска номинирана за WOW награди
4TcJbeMQnBVjYZoJYu1n

НОМИНАЦИИ ЗА WOW НАГРАДИ
 Ја номиниравте Ружица Јосифовска-Руки 

Ружица Јосифовска е родена во 1938 година, живее во Кавадарци, а по професија е ликовен педагог и уметница. Работела како учителка по ликовна уметност во Кавадарци и во текот на целиот нејзин работен век се едуцирале многу генерации на ученици, некои од нив со значајни достигнувања во уметноста.

Таа е доста значајна не само за Кавадарци, туку и за целиот регион на Тиквешијата и пошироко на ниво на поранешна Југославија. Била една од најдобрите студенти на уметниците Љубомир Белогаски и Лазар Личеноски. Во текот на својата кариера има освоено доста награди како уметница и како педагог, но најзначајна ѝ е Медаља за трудот од Претседателот Јосип Броз Тито. Една од поважните заслуги на Ружица е нејзината посветеност на ликовната секција која таа ја водела во рамки на нејзиното училиште која е прогласена за најдобра на ниво на Југославија. Учениците на Ружица преку оваа ликовна секција освоиле бројни награди. Ружица била пратеник во собранието за време на СФРЈ 1982-1986. Таа сѐ уште активно слика, црта и изложува при што користи исклучиво еколошки бои. Нејзината последна ретроспективна изложба се случи оваа година во Кавадарци. Активна на социјалните мрежи каде ги следи сите настани поврзани со културата и уметноста. Од особено значење е нејзината заложба за активирање на ликовната секција на заедницата на пензионери во Кавадарци со што го збогатува културно-забавниот живот на возрасните луѓе во својата средина.

 Jadran Mancev

 Повикот за номинации се затвора на 12ти јануари 2020. Доставете ја вашата номинација на мејл contact@tiiiitinc.com. Напишете го името на онаа жена (или група здружени жени) која ја номинирате за WoW наградата и на кусо образложете зошто ја номинирате. Повеќе инфо на следниот линк: https://tiiiitinc.com/…/nominatsiite-za-wow-nagradite-se-ot…
#womenonwomen #wowawards #wowнагради

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4