Дел од атмосферата на ПичПрич – „Цепки“

PeachPreach
FJ2ac878v2fiNc482IpM

На 13.05 во Филхармонија се одржа ПичПрич гала настанот „Цепки“. Темата на настанот беше во склоп на овогодинешните тематски фокус на ПРВО ПА ЖЕНСКО – субверзивната моќ на хуморот.

Имајќи го предвид традиционалното исклучување на женските гласови од полето на смешното и честото исмевање со „типично женските“ искуства темата „Цепки“ има за цел да понуди повеќе интерпретации на тоа што е смешно од обратната перспектива на хетеронормативната култура, во областа на хуморот.

Своите приказни ги раскажаа петмина раскажувач(к)и коипто со свои приказни веќе ја имаат освоено публиката на „ПичПрич“: уметницата Јана Јакимовска, планинарката и уметница Илина Арсова, писателот Петар Андоновски, радиоводителката Маја Казакова и режисерката Софија Ристевска. Како специјална гостинка настапи и хрватската писателка и активистка Мима Симиќ. Настанот го модерираа Румена Бужаровска и Катерина Попова.

По настанот се упативме на афтер во бифето на Филхармонија, каде се забавувавме на диџеј сетот на Илина Ангеловска.

Во прилог погледнете дел од фотографиите од настанот:


фото: Ванчо Џамбаски

 

фото: Ванчо Џамбаски

 

фото: Ванчп Џамбаски

фото: Ванчо Џамбаски

фото: Ванчо Џамбаски

фото: Ванчо Џамбаски

фото: Ванчо Џамбаски

фото: Јелена Белиќ

фото: Јелена Белиќ

фото: Јелена Белиќ

фото: Јелена Белиќ

 
Повеќе фотографии од настанот на Ванчо Џамбаски: https://www.flickr.com/photos/fosim/albums/72177720298925054

Повеќе фотографии од настанот на Јелена Белиќ: https://www.facebook.com/media/set/?vanity=peachpreachmk&set=a.3071695333094913

Настанот е реализиран со поддршка од Шведска и фондацијата Kvinna till Kvinna.

 

Концепт и авторство: Ана Василева и Румена Бужаровска

⚙️ Продукција: Тиииит! Инк. – Скопје

✍️ Дизајн на постер КОМА дизајн студио

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4