ТОТЕМ БЕЗ ТАБУ

Тотем без табу – Достоинственото менструирање и сексуалното здравје се дел од јавното здравје!
71U4DOObPJyGusE0lIgx

Стигмата, срамот и табуата за репродуктивното здравје на младите тврдоглаво ги шират пипците низ јавниот простор и создаваат една генерална непристапност до информации и алатки околу овој дел од јавното здравје. Заради ваквата општествена атмосфера, оваа иницијатива има за цел да одговори на предизвиците со кои се соочуваат младите во пристапот до менструални продукти и контрацепција, вклучително и недостатокот на лесен и доверлив пристап до производи за одржување менструална хигиена и контрацепција.

Владата на РСМ го скрати буџетот за превенција од ХИВ за 40%, а според најновата студија за менструална правда која што Тиииит! Инк. jа изработи заедно со Реактор – истражување во акција, во државата 67% од испитаниците пораснале со ставот дека менструацијата и менструалната крв е срамна. Истражувањето покажа дека 32% од испитаниците одговориле дека барем еднаш во животот се нашле во ситуација да немаат пари да купат влошки и да мораат да импровизираат со крпи или тоалетна хартија.

Затоа, на Здружението за промоција на женската активност Тиииит! Инк. и Младинскиот културен центар им треба вашата поддршка за собирање на средства за поставување на автомат со менструални продукти и кондоми, каде овие продукти ќе можат да се купат по набавна цена. Автоматот би се поставил во фоајето во МКЦ и со тоa менструалните продукти и презервативи ќе бидат достапни за гостите и публиката којашто ги следи настаните во Младинскиот културен центар.

Санитарните и контрацептивните автомати не се ништо ново, напротив, ваквата достапност за одредени ранливи групи има докажан здравствени придобивки. Идејата е да се превенира ширењето на сексуално преносливите инфекции (СПИ) и да се намали менструалната сиромаштија, како и да се нормализира дијалогот околу менструирањето и практикувањето безбеден секс. Градењето здрав однос кон репродуктивното здравје и сексуалноста е клучно во создавањето на здрав однос кон сопственото тело.

Донации на овој ЛИНК.

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4