Тиииит!Инк. објавува: Барање за прибирање понуди за ревизорски услуги

Барање за прибирање понуди за ревизорски услуги
9X3NRYXCc9YpAM1fbdJV

Почитувани,

ЗГ за промоција на женската активност ТИИИИТ! ИНК. – Скопје објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:

1.Општи услови

Набавувач на услуги: Здружение за промоција на женската активност ТИИИИТ! ИНК. – Скопје со седиште на ул. Ристо Равановски 36/1-1 во Скопје.

Предмет на барањето: Барање за прибирање на понуди за ревизорски услуги

Здружение за промоција на женската активност ТИИИИТ! ИНК. – Скопје  го спроведува грантот Фонд за еднаквост со финансиска поддршка на Фондот за еднаквост од Канада, и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање. 

Набавката на ова Барање не е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес за понудените стоки и услуги.

2. Понуда

Понуда за независно и стручно мислење во вид на ревизорски извештај на Завршна сметка и годишното работење на Здружението Тиииит!Инк.- Скопје за 2022 година со вкупно расходи од 5.366.033 мкд

Понудата треба да ги содржи сите елементи по Меѓународни стандарди за ревизија (МСР) 

Со понудата треба да се достави документ за регистрирана дејност издаден од Централниот Регистар на Република Македонија за дејноста за која ја доставува својата понуда

Со понудата треба да се достави список на извршени услуги за кои ја поднесуваат својата понуда, извршени во последните три години

3. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

Цена 

Квалитет

Цената носи максимум 80 бодови, квалитетот носи максимум 20 бодови. За добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.

4. Облик и содржина на понудата

Понудата се изработува во писмен облик со понудена цена во денари

Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт

Карактеристики на понудата

Рок и начинот на испорака на стоките и услугите

Рок и начин на плаќање

Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса tiiiit.inc@gmail.com најдоцна до 05.04.2023 година до 16 часот.

 

Скопје   29.03.2023

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4