Мрежа за менструално образование

Мрежа за менструално образование
8ENbzTDoEa96K3Ow67JK

Задоволство ни е да ја објавиме создадената Мрежа за менструално образование, иновативна иницијатива со која заеднички управуваат 3 европски асоцијации: Règles élémentaires (Франција), Тиииит! Инк. (Северна Македонија) и BruZelle (Белгија).

Партнерските организации соработуваат со цел да ги споделат најдобрите практики, да развијат алатки за подигање на свеста преку организирање на фокус групи предводени од млади и јавно да се зборува за менструалното образование. Со прилагодување на методологиите на индивидуалните потреби и искуства, Мрежата има за цел целосно да резонира со учесниците.

Проектот се фокусира на подобрување на знаењата, вештините и младинското ангажирање во менструалното образование преку:

Олеснување на соработката помеѓу организациите, поттикнување на меѓусебното учење преку споделување искуства и најдобри практики во менструалното образование.

 Ангажирање на младите во менструалното образование, спроведување на сеопфатна анкета преку таргетирање на 500 млади на возраст од 8 до 18 години во секоја земја, со цел да се разберат нивните очекувања.

 Вклучување на младите во креирањето алатки за подигање на свеста, формирање фокус групи со мотивирани млади од секоја земја.

 Споделување на резултатите со поширока публика, составување на резултатите во водич, со сумирање на разменетите информации и предлагање општи насоки.

Со завршување на проектот, партнерските организации имаат за цел да се чувствуваат поопремени и посигурни при спроведувањето на менструалните едукативни сесии. Младите учесници треба да умеат да ги разберат различните аспекти  на менструацијата и да се чувствуваат зајакнати за да може да иницираат проекти кои се однесуваат на менструалната сиромаштија или менструалното образование во нивните училишта.

Ги повикуваме сите заинтересирани да се приклучат на оваа иницијатива, за заедно да го зајакнеме менструалното здравје во Европа.

За повеќе информации и за приклучување во мрежата, ве молиме контактирајте нѐ на: tiiiit.inc@gmail.com

 

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4