ПРАВЕЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ТЕАТАР*, ПРАВЕЊЕ ТЕАТАР ФЕМИНИСТИЧКИ | Мала школа за феминистичко драматуршко размислување | ИФИ 3.0

ПРАВЕЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ТЕАТАР*, ПРАВЕЊЕ ТЕАТАР ФЕМИНИСТИЧКИ | Мала школа за феминистичко драматуршко размислување | ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ 3.0
2hUEJWFXJllDMDGZ5tjI

Надоместувајќи го недостатокот од формално образование од областа на современите изведувачки практики, програмата на Школата за феминистичко драматуршко размислување иницирана во рамки на третиот циклус на Платформата за изведувачки уметности ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ на Тиииит! Инк, има за цел на локалните уметници активни на независната културна сцена, да им овозможи теориско и практично знаење за развојот на авторски и/или соработнички изведувачки дела низ феминистички драматуршки пристапи, кои не само директно референцираат феминистички теми и преокупации, туку неизбежно ги редефинираат уметничките процеси во полето на изведувачките уметности, втемелувајќи ги во феминистичките вредности какви што се рамноправноста, грижата, солидарноста и заедништвото.

Интерактивната програма за учење-одучување ќе се реализира во периодот ноември – декември 2024, како серија од четири 4-дневни предавања/работилници водени од Милица Ивиќ – теоретичарка, истражувачка и драматург во полето на современиот танц од Белград, Јасна Жмак – писателка, драматург, истражувачка и психодрамска терапевтка од Загреб, Ида Даниел – уметница и истражувачка во полето на современиот танц и перформанс од Франкфурт и Тјаша Чрнигој – театарска режисерка од Љубљана. 

Групата локални уметници кои ќе ја следат програмата ја сочинуваат изведувачката и кореографка Теодора Ежовска, драматурзите Ева Камчевска и Лидија Митоска, архитектот Димитар Милев, актерките Симона Спировска, Енџи Николоска и Ава Хусеини, мултидисциплинарните уметници и изведувачи Крсте Глигорјадис и Антонија, театарската режисерка Тамара Стојаноска и продуцентот Дино Чупевски. 

Уверени сме дека ова искуство на учесничките/ците на Школата ќе им ги прошири професионалните перспективи и ќе им биде поттик во понатамошната уметничка работа со која ќе продолжат да придонесуваат кон развојот на локаната независна културна сцена, унапредувајќи ја нејзината уметничка и општествена релевантност. 

******************************

Благодарност до Архитектонскиот факултет и Факултетот за драмски уметности при УКиМ – Скопје, КЦ ЈАДРО, МЛАДИ ХАБ, Филип Јовановски и Биљана Тануровска – Ќулавковски.

Кураторка на активностите на Платформата: Кристина Леловац, актерка изведувака и вонредна професорка на ФДУ Скопје

Стручна соработничка и најдобра другарка на Платформата: Викторија Илиоска, изведувачка и кореографка

Програмска соработничка: Тамара Ристоска, актерка

* во контекст на Платформата, театар е синоним за изведувачки уметности, и обединува современ театар, танц и перформанс.

 

 

******************************

Програмата е поддржана од: Kvinna till Kvinna, Embassy of Sweden, Equality Fund, Sigrid Rausing Trust и Министерство за култура

 

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4