ПичПрич | UNSEX ME / РАСПОЛОВИ МЕ

ПичПрич | UNSEX ME / РАСПОЛОВИ МЕ
4frAeKWGBVqjHSj0nli2
 
ПичПрич на тема: „UNSEX ME / РАСПОЛОВИ МЕ“ на 22 ноември во Драмски театар во 19:30 часот.
Билетите се достапни на овој ЛИНК.
 
************************************
 
Инспирацијата за „Располови ме“ (анг. Unsex me) потекнува од познатиот монолог на Леди Магбет во кој ги моли злите духови да ја располоват (машкосаат во препевот на проф. Михајловски), т.е. да ѝ ги одземат особините кои традиционално се поврзуваат со нејзиниот пол (нежност, милост, грижа) за непречено да го оствари злосторството што го посакува и да ја засити својата жед за врвна моќ.
Сепак, како и секогаш, растргнатоста меѓу посакуваното и очекуваното е само почетната нишка и начин на толкување на „Располови ме“. Насловот може да се гледа и како индикација за поделеноста на жената меѓу професионалните и личните цели и (не)можноста тие паралелно да се остварат.
Покрај тоа, сакавме да ја разгледаме и позицијата на жените во театарската и филмската уметност – особено по неколкуте скандали поврзани со третманот на актерките кои го потресоа регионот. Токму поради тоа го избравме Драмскиот театар како место на одржување на овој ПичПрич, а нашите гостинки се меѓу најкомпетентните и прогресивни театарски дејки во земјата и регионот.
Со нетрпение очекуваме да ги слушнеме нивните приказни!

************************************
 
Дизајн на Koma – design studio
tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4