Првата работилница во рамки на „Мала школа за феминистичко драматуршко размислување“ | ИФИ 3.0 беше „Скицирање време/простор на една институција“ со Милица Ивиќ – теоретичарка, истражувачка и драматург во полето на современиот танц од Белград. Оваа работилница се одржа во просториите на Архитектонскиот факултет од 6ти до 9ти ноември 2024.

Милица Ивиќ е теоретичарка и практичарка во уметноста од Белград, Србија. Докторирала теорија на уметност и медиуми на Универзитетот за уметности во Белград. Како независна истражувачка во полето на современиот танц во Србија, се занимава со прашањата на архивирање и институционализација на современиот танц. Работи и како драматург во полето на танцот. Членка е на истражувачкиот тим за архивирање на современиот танц и основање на првата онлајн дигитална датабаза на современите танцови практики во поранешна Југославија, во соработка со НОМАД Танцовата академија и Музејот на современа уметност во Љубљана. Важен дел од нејзината уметничка, уредничка, организациска работа и живот е поврзан со Автономниот културен центар МАТРИЈАРШИЈА, ситопечатот, Фестивалот за неврзан стрип НОВО ДОБА и мрежата ФИЈУК. Учествува на многубројни изложби, уметнички резиденцијални програми и фестивали како дел од колективот на МАТРИЈАРШИЈА/НОВО ДОБА.

Прочитајте повеќе за „Мала школа за феминистичко драматуршко размислување“ на овој ЛИНК.


Фотографии на Кристијан Караџовски.
******************************
Програмата е поддржана од: Kvinna till Kvinna, Embassy of Sweden, Equality Fund, Sigrid Rausing Trust и Министерство за култура