CLICK HERE TO APPLY со Јасна Жмак | Мала школа за феминистичко драматуршко размислување | ИФИ 3.0

CLICK HERE TO APPLY со Јасна Жмак | Мала школа за феминистичко драматуршко размислување | ИФИ 3.0
2oC1E1D12LcXaUEBe0iw

Втората работилница во рамки на „Мала школа за феминистичко драматуршко размислување“ | ИФИ 3.0 беше „CLICK HERE TO APPLY“ со Јасна Жмак – писателка, драматург, истражувачка и психодрамска терапевтска од Загреб.  Оваа работилница се одржа во Млади Хаб од 15ти до 18ти ноември 2024.

За работилницата, Јасна Жмак напиша: „Додека сме заедно, ќе ги истражиме начините на артикулација на уметничката практика во писмена форма – ќе си играме со нашите биографии, минати и идни апликации, проектни описи и други начини за презентирање на нашата работа – обидувајќи се да ги искористиме за подобро да ги разбереме нашите сопствени уметнички интереси. Ќе пишуваме и бришеме, користејќи стари и создавајќи нови текстови кои обично се сметаат за здодевни, административни и неинспиративни, обидувајќи се да пронајдеме нови перспективи за да се справиме со нив и за да им вдахнеме нов живот. Овој модул, надежно, ќе биде можност да се одмори од продукциските притисоци и можност за малку (авто)рефлексија на прашањата ЗОШТО и КАКО во уметничкото творештво.“

 

Јасна Жмак е писателка, драматург, истражувачка и психодрамска терапевтка од Загреб, Хрватска, која работи во полето на перформансот, танцот, литературата и филмот. Таа е вонредна професорка на Катедрата за драматургија на Академијата за драмски уметности во Загреб, кадешто предава додипломски и магистерски курсеви за драматургија на перформанс. Таа има организирано и/или менторирано повеќе работилници за/околу пишување, феминизам, драматургија, сексуалност и/или психодрама. Нејзината авторска претстава THIS IS MY TRUTH, TELL ME YOURS, што беше прикажана и на ПРВО ПА ЖЕНСКО во 2023, ја освои главната награда на овогодинешниот БИТЕФ.

 

Прочитајте повеќе за „Мала школа за феминистичко драматуршко размислување“ на овој ЛИНК.

Фотографии на Стефани Караџовска.

******************************

Програмата е поддржана од: Kvinna till Kvinna, Embassy of Sweden, Equality Fund, Sigrid Rausing Trust и Министерство за култура

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4