Структури за поддршка и резонантни површини со Ида Даниел | Мала школа за феминистичко драматуршко размислување | ИФИ 3.0

Структури за поддршка и резонантни површини со Ида Даниел
5fjC70mtPBzkG6d7Pqi3

Третатата работилница во рамки на „Мала школа за феминистичко драматуршко размислување“ | ИФИ 3.0 беше „Структури за поддршка и резонантни површини“ со Ида Даниел – уметница и истражувачка во полето на современиот танц и перформанс од Франкфурт. Оваа работилница се одржа во КСЦ Јадро од 5ти до 8ми декември 2024.

„Структурите за поддршка и резонантните површини ќе бидат водечките слики со кои ќе работиме во овие четири дена. Слушање, изразување, меѓусебно збогатување на мислењата, меѓусебно набљудување преку кое ќе се дојде до воспоставено разбирање на меѓусебната поддршка – уметничка, прагматична, политичка. Како сме кога сме заедно?“ – Ида Даниел.

Ида Даниел е уметница и истражувачка во областа на современиот перформанс и танц, со фокус на стратегиите на поетската, имагинарната и на перформативната ситуација како простор за среќавање. Таа најмногу се занимава со структурите на перформативноста кои генерираат ситуации на танцување, пишување, размислување, набљудување и замислување. Честопати, овие истражувања стануваат перформативни сами по себе. Понекогаш, тие остануваат подолго во истражувањето и се споделуваат во затворени кругови. Другпат, тие стануваат инсталации во дигиталните или физичките домени. Ида ужива во сменското соло работење и соработката со многу луѓе, како и ткаење на процесот сама или во друштво. Во секој случај водена е од љубопитноста, заедно со желбата да го долови моментот на средба помеѓу имагинарните и непосредните работи. Моментално, Ида е ко-кураторка на фестивалот за изведба Implantieren во Франкфурт. Посветена е на процесите на уметноста како учење и учењето како уметност; учествува во заедничко размислување, заедничко создавање и заедничко водење на активностите во Имагинативниот кореографски центар (Imaginary Choreographic Center), и често е вклучена во дела од други луѓе со тоа што е поканета да ги придружува како драматург или во други улоги.

Прочитајте повеќе за „Мала школа за феминистичко драматуршко размислување“ на овој ЛИНК.

Фотографии на Кристијан Караџовски.

******************************

Програмата е поддржана од: Kvinna till Kvinna, Embassy of Sweden, Equality Fund, Sigrid Rausing Trust и Министерство за култура

 

 

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4