Датум: 19 февруари
⏰ Време: 16:00 – 19:00
Локација: Ќе бидете навремено известени (има и можност за онлајн присуство)
Сакаш да дознаеш повеќе за Тиииит! Инк. или да станеш дел од нашите активности?
Тиииит! Инк. те поканува да присуствуваш на отворен ден каде ќе имаш можност да се запознаеш и дознаеш повеќе за нашата работа и како да се вклучиш во програмата за 2025 година, и понатаму! Ова е можност одблиску да видиш како функционираме, кои се нашите главни проекти и како можеш да придонесеш кон феминистичката, солидарна и ангажирана заедница.
Пријави се на овој линк: https://forms.gle/fHxSm29KhrGd7oDP9
Како невладина и непрофитна организација која повеќе од десет години го чува отворен просторот за женска активност, соработка и критичка мисла во културата, уметноста и активизмот, работата на Тиииит! Инк. се фокусира на отворање нови можности за жените, девојките, младите, како и маргинализираните заедници, градејќи алтернативни простори за учење, културно изразување и заедничко делување. Преку Фестивалот за феминистичка акција и култура ПРВО ПА ЖЕНСКО, организираните работилници, јавни дискусии, кампањи и истражувачки проекти, сакаме да поттикнеме промени и да создадеме покритично и поправедно општество.
Доколку сакаш да бидеш дел од оваа приказна како волонтер/ка или соработник/чка, овој отворен ден е вистинската можност да дознаеш како можеш да го направиш тоа. Без разлика дали веќе имаш искуство во културниотсектор и/или граѓанскиот активизам или едноставно си љубопитен/на и сакаш да научиш повеќе, те покануваме да ни се придружиш за да споделиме идеи, да запознаеш истомисленици и заедно да ги откриеме можностите за соработка.
Дојди да создаваме заедно нежен, грижлив. правичен… подобар свет!
* Повикот е отворен до 14 февруари.
**************
Настанот е поддржан од Kvinna till Kvinaa Foundation.
