ПОВИК ЗА ГРАФИЧКИ/КА ДИЗАЈНЕР/КА ЗА #ППЖ13

ПОВИК ЗА ГРАФИЧКИ/КА ДИЗАЈНЕР/КА ЗА #ППЖ13
HS4Kf8CQWsynsSO3f2bo

Тиииит! Инк. објавува повик за графички/а дизајнер/ка кој/а ќе го изработи визуелниот идентитет за тринаесеттото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО. Програмата на изданието веќе ја развиваме во тематската рамка

КОЛЕКТИВНО ОСЛОБОДУВАЊЕ
како солидарно заедништво во борбата за отфрлање на родовата и хетеро/цис-нормативната хиерархија и за повторно откривање, легитимирање и етаблирање на мноштвото маргинализирани, протерувани, угнетувани, бришени искуства и знаења.

ГРАФИЧКИОТ/АТА ДИЗАЈНЕР/КА НА ППЖ#13 ЌЕ БИДЕ АВТОР/КА НА:
◾Визуелен идентитет што ги рефлектира вредностите втемелени во тематската рамка на изданието КОЛЕКТИВНО ОСЛОБОДУВАЊЕ
◾Постерот за тринаесеттото издание на Фестивалот.
◾Адаптацијата на дизајнот за секој поединечен настан од програмата на ППЖ13.

ШТО ОЧЕКУВАМЕ?
◾Добро познавање на ставовите и визијата на организацијата Тиииит! Инк. и фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО,
◾Претходно искуство со слични ангажмани и организации е пожелно, но не е задолжително

ВРЕМЕНСКА РАМКА
Овој ангажман ќе започне со потпишувањето на договорот со избраниот/ната дизајнер/ка, најдоцна во април и ќе трае до крајот на 2025-та година, односно до завршувањето на овогодинешното издание на фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО.

ФИНАНСИИ
Надоместокот за ангажманот ќе биде дополнително договорен со избраниот/ната кандидат/ка.

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?
Заинтересираните дизајнери/ки треба да пополнат Google формулар кон кој ќе треба да ги достават следните материјали:

◾Кратка биографија,
◾Портфолио со претходно сработени проекти и
◾Предлог дизајн за ПРВО ПА ЖЕНСКО 13, кој може да биде постер, илустрација или концепт кој ги одразува вредностите во кои е втемелена гореопишаната тематска рамка на изданието.

Избраните кандидати/ки ќе бидат поканети на интервју, каде што ќе се дискутира можната соработка.

КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 28 февруари 2025

Сите заинтересирани се добредојдени да аплицираат. Веруваме дека заеднички можеме да создадеме инспиративна приказна што ќе го слави заедништвото во борбата за ослободување.

За повеќе информации, контактирајте нè на: tiiiit.inc@gmail.com

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4