Како поминуваат променливо-облачните денови, од живот во живот на неброено изобилство човечки судбини и онаа големата меѓу нив, на Планетата, се чини дека големите политички проекти, поврзани со зборот солидарност, понапред ќе ја изгубат својата идеолошка стабилност отколку што ќе ги победат тврдоглавите чувари на современиот свет: капиталот и авторитарната моќ. Притисокот врз сите тие именувани или стишени судбини, не станува помал, заради потрошноста на сите земјени организми, напротив. Всушност, токму во теснецот на време и простор – како споделени добра, во кои се одвиваат сите дребни животи и таму каде што заедно се компресирани и надежта и очајот, станува повеќе отколку помалку јасно дека солидарноста како политичка навика нужно треба да стане свитлива и да се растегне од најинтимните предели на себството се’ до космолошкото поимање на заедницата, која не притиска кон припаѓање и идентитетска фиксација, туку кон искуството и афективна вообличеност на еднаквата вредност на сите. Сите, од сите социјални слоеви и сите нивни афективни капацитети се неизбежната платформа на солидарноста, но не затоа што таа може да биде или веќе е сеприсутна, туку затоа што нејзините изворишта се доволно распространети, па така секогаш одново принципот на солидарно соживување и сочувствување се отвара како возможна политичка етика на единечното и заедничкото постоење. Светот во кој што кожите на сите нас не’ прават радикално еднакви и дотолку блиски една до друга, базиран на неговата, значи, дермаграфија (Ахмед и др. 2001), ни се покажува како множество на испресечени ‘сцени на значења’ чија хоризонтална поставеност не само што не’ упатува на неочекуваните споеви низ афективни и афектирачки искуства, туку ги пробива замислените нужни слоеви на поделба и штетничка организација на капиталот и моќта. Политичкото и интимното спојување не е возможно без стратегија за радикална солидарност; но и такавата изјава треба да звучи помалку гломазно и застрашувачко. Спонтаното понирање на нашите искуства во заедничкиот свет потребуваат и спонтани стратегии за поврзување отколку тактично ривалство: за афективно испресекување на изобилството интимни приказни, и за раслојување на политичката борба бидејќи ниту една солидарност не опстојува простум и безгласно, туку радикално поврзано и во разгласие.
Модераторка: Вики Младенова
Ученичк/ци:Јован Близнаковски, Јелена Вишњиќ, Марија Вулетиќ, Матеј Тројачанец, Лилјана Јоноски и Ана Блажева






