Влијанието на омразата и мизогинијата во дигиталниот свет не е далечна илузија од реалниот живот. Дигиталниот свет е еднакво вистински колку и реалниот. Делата на Албена Баева се доказ дека онлајн културата и комуникацијата материјализираат вистински последици во нашите секојдневни животи. Работејќи помеѓу феминизамот, анализата на податоци, гамификацијата и општествената теорија, нејзината изложба е храбра феминистичка изјава, инспирирана од онлајн троловите и инселовите (incel) зандани на бугарското општество. Нивните коментари, зборови и податоци станаа уметничко дело кое за возврат го преработува анонимното влијание на омраза и девалвацијата во славен манифест на женска моќ. Моделот на гамифицирана субверзија на Баева е општестевено привлечен и естетски маѓепсувачки.

