2gg8F0bE2cGdDIjLvl3v

инфо

Година 2024
Дата/Време четврток 26.12 19:30
Место
Земји учесници СРБ | МК

учесници

Вики Младенова

Вики Младенова е истражувачка на Универзитетот во Болоња при Департманот за историја и култура, ангажирана на ЕRС проектот The Game,…

ПОВЕЌЕ

Дарко Леитнер Стојанов

Дарко Леитнер Стојанов е историчар во Меѓународниот истражувачки центар за културолошки науки во Виена (IFK – Internationales Forschungszentrum Kulturwissenschaften). Освен…

ПОВЕЌЕ

Александра Перишиќ

Александра Перишиќ е редовна професорка на FMK – Факултет за медиуми и комуникации во Белград. Дипломиралa компаративна книжевност и математика…

ПОВЕЌЕ

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

На 26 декември во Културно социјалниот простор Центар Јадро каде во 19.30 часот ќе се случува промоцијата на книгата „Феминистичка теорија на насилството“ на француската политикологина и историчарка Франсоаз Вержес, првото издание на Тиииит! Инк. во новата едиција за феминистичката литература и теорија на македонски јазик именувана Vagina Dentata, чија уредничка е Јана Коцевска.

„Феминистичка теорија на насилството: За антирасистичка политика на заштита“ е куса книга во превод на Дарко Леитнер-Стојанов на македонски јазик, а во уредништво на Вики Младенова. Книгата ја разгледува моменталната состојба на насилството во општеството од феминистичка перспектива, фокусирајќи се на насилството врз жените, но во исто време не ограничувајќи се на тоа.

Насилството во книгата се разгледува во поширока смисла не само што вклучува физичко насилство како што вообичаено се разбира (силување, масакри, геноцид и така натаму) и исто така извршено, на пример во војни, туку и дискриминација, тешкотии и ранливости, чиј товар го сносат (неправедно) само одредени сегменти (жени, расизирани луѓе, оние наречени „опасни“ класи итн.), деградација на екосистеми и немилосрдно заграбување на ресурсите. Книгата тврди дека не можеме да одговориме и да се осврнеме на насилството врз жените без да го земеме предвид насилството како целина – глобалната состојба на насилство што опстојува денес.

Франсоаз Вержес, родена во Париз и порасната на Реунион (остров во Индискиот Океан и една од француските прекуокеански територии), е политикологина, теоретичарка, антирасистка и застапничка на антикапиталистичката и деколонијална феминистичка теориска струја. Фокусот на нејзиниот истражувачки интерес, меѓу другото, е насочен кон колонијалното ропство, феномените на креолизација, постколонијална критика и особено продлабочен кон деколонијалниот феминизам.

Форматот на вечерашната промоција ќе ни овозможи да поразговараме со преведувачот Дарко Леитнер Стојанов, уредничката Вики Младенова, уредничката на едицијата Јана Коцевска и Александра Перишиќ, професорка на FMK – Факултет за медиуми и култура во Белград. Програмата се реализира во склоп на Малиот новогодишниот Темплум саем на книга.

Назад кон фестивалот

MK

Please be informed that we use technologies such as cookies on our site to enhance your user experience. Click below to consent to the use of this technology on our site. For further details see Our Privacy Policy

Allow cookies
MK
Created with Fabric.js 5.2.4