Some objavi final programa

инфо

Година 2026
Дата/Време сабота 17.10 00:00
Место Повеќе локации
Земји учесници

учесници

БУЧКУРУЖ

БУЧКУРУЖ @butchkuruzh е културно-уметничка и истражувачка иницијатива што замислува чопор на невклопените, на родово неускладените изроди, на недопадливите отпадници, на…

ПОВЕЌЕ

Лазарус

Лазарус е локален дрег крал и борец за уметничко ослободување, кој самото свое постоење го доживува како панк – без…

ПОВЕЌЕ

Лео Поповиќ

Лео Поповиќ е наградуван актер, музичар, и дрег крал од Скопје кој настапува под името Падре Долоросо. Со 10-годишна кариера…

ПОВЕЌЕ

ТАЊА МАТИЈАШЕВИЌ

ТАЊА МАТИЈАШЕВИЌ @ladytomat0 е мултидисциплинарна уметница, изведувачка, театарџика и активистка. Театарското патување го започнува во уличниот театар и куклената уметност,…

ПОВЕЌЕ

A
Р

Т

И

С

Т

И

синопсис

QUEER програма | „КРАЛОТ Е ГОЛ“ | Работилници за дрег кралеви

КРАЛОТ Е ГОЛ 👑 | Отворен повик за работилници за дрег кралеви со @dragkingsmk@butchkuruzh & @ladytomat0
*17.10 | 24.10 | 08.11 во (пред)пладневните часови
*Пријавување на линкот во био ☝🏼
*Повикот е отворен до 14 октомври.

Другар(к)и, слушаме дека дрег кралеви нѐ имало малку, па решивме да бараме појачување!

Во дрегот, женственоста е секогаш некако забавна за изведба – драматична е, ни дозволува да се накитиме, да претераме, да разбудиме восхит, да ја очараме публиката со нашиот ултра-сексапил. Но што е со кралевите и мажественоста? Ако „жена се станува“, мажот се чини е „од небо даден“ и како таков – досаден. А сепак, дали е така, дали кралот е навистина гол?

Идејата зад работилниците за дрег кралеви е да откриеме дека и мажественоста е отворено поле за себеоткривање и игра, без разлика на доминантниот родов израз. Во свет во кој машкоста е сѐ позатворена, фиксирана, оптимизирана и деструктивна, ајде со родокурцање да покажеме дека машкоста е и те како перформативна и продуктивна – може да засмејува и привлекува, да ја претвори моќта во самокритичност и да ги испреврти родовите очекувања.

На средбите со Лазарус и Падре Долоросо од DragKingsMK, со поддршка од Бучкуруж, ќе зборуваме за дрегот како изведбен и театрален жанр, за неговата историја во квир заедницата, за специфичноста на дрег кралевите и различните начини на кои можеме да си поигруваме со мажественоста. Потоа ќе се фрлиме на практичниот дел: ќе работиме со тело, движење, изразување емоција, театралност и lip sync, ќе истражуваме различни начини на развој на лик и стил, вовед во шминка и работа со реквизити.

На третата средба ни доаѓа и регионална поддршка од мултидисциплинарната уметница Тања Матијашевиќ од Словенија, која е една од движечките сили зад Dragi Drago, првиот колектив на дрег кралеви во Словенија и меѓу ретките во регионот.

Учесниците ќе имаат и можност да настапат на ДНО забавата што ја организира дуото Бучкуруж на 28 ноември.

*За учество не е потребно претходно искуство со дрег, театар или (импровизиран) сценски настап.*

Работилниците за дрег кралеви ги организираат Тиииит! Инк. и Коалиција МАРГИНИ, во соработка со DragKingsMK и Бучкуруж.

Назад кон фестивалот

EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4