Поаѓајќи од феминистичките вредности во кои е втемеленo ПРВО ПА ЖЕНСКО, решивме да воспоставиме целовит систем за поддршка на најпогодените, преку практикување солидарност и учење една од друга, но и преку преиспитување на динамиките и отфрлање на хиерархиите втемелени во конвенционалниот театар како пристапи во изведувачките пракси кои водат до нови форми. Ресурсите што ги имавме на располагање ги структуриравме и споделивме со цел создавање оптимални можности за творечка работа за две жени уметници од локалната независната културна сцена активни во полето 5 на изведувачките уметности.