How Well Did You Perform Today / Колку добро се покажа денес
Перформанс на Алма Гачанин
Skopje Pride Weekend
ПРВО ПА ЖЕНСКО 13 #ППЖ13
Во ова моќно дело, Алма Гачанин го истражува прекаритетот, исцрпеноста и женскиот труд во услови на постсоцијалистички капитализам. Преку спој на личните белешки со разговорите со клиентите и неолибералните мантри, таа гради перформативен јазик што осцилира помеѓу сведоштво и критика.
Преку иронична телесност и дистописка фитнес естетика, перформансот ги отвора прашањата на класната и родовата подреденост, вежбањето како форма на продуктивност и телото како поле на отпор.
☆ Алма Гачанин е визуелна уметница, поетеса и феминистка од Сараево, која работи со различни медиуми, меѓу кои цртеж, фотографија, перформанс и видео.
