Проекција на документарниот филм „Лезбија“ + дискусија | ППЖ13

Lesvia fb (1) 11zon

На 15 ноември во Public room, како дел од QUEER програмата на ПРВО ПА ЖЕНСКО #ППЖ13, го прикажуваме документарниот филм „Лезбија“ (2024, 78’) на грчката режисерка Цели Хаџидимитриу.


Од 1970-тите години наваму, лезбејки од целиот свет почнуваат да го посетуваат островот Лезбос, родното место на античката грчка поетеса Сафо. Откако ќе го пронајдат својот рај во едно локално село и ќе создадат сопствена лезбејска заедница, локалното население почнува да пројавува знаци на незадоволство. Како лезбејка родум од Лезбос, режисерката Цели Хаџидимитроу се наоѓа на пресекот меѓу овие две групи и низ својата перспектива ја документира ѝсторијата на повеќе од четири децении љубов, заедништво, судир и потрага по прифаќање. 🪷

Настанот е бесплатен!


—————–


По проекцијата Грација Атанасовска ќе разговара во живо со режисерката Цели Хаџидимитриу. 🦋

Цели Хаџидимитриу е наградувана режисерка, фотографка и писателка родена и израсната на островот Лезбос во Грција. Цели ги снима и фотографира животите на жителите на Лезбос од 1990. Во својата работа се повикува на сите свои искуства и способности, со цел да им даде простор и глас на обичните луѓе кои живеат едноставен живот, на страна од дневните насловни страници.
Нејзините скорашни кратки филмови ги третираат родовите прашања: „Внуките на Сафо“, каде што постарите жени од Ересос ги раскажуваат своите приказни; „Господин Димитрис и Димитрула“, запис за родово неконформирана личност од Сикамија, на Лезбос, која трагично го губи животот откако е неправедно задржана во ментална установа; и „Сафо пее“, радосна ода посветена на Сафо, која во филмот одново го посетува денешен Лезбос. „Лесвија“ е нејзиниот прв долгометражен документарен филм.

Грација Атанасовска дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност на УКИМ, а магистрирала на Универзитетот во Потсдам, Германија, во областа на современата книжевност и култура. Oд 2024 работи во Коалиција Маргини и во моментот е проектна координаторка на неколку проекти во областа на родовата еднаквост. Паралелно на тоа, се занимава со истражувачка работа, и со пишување и преведување на фикционални и нефикционални текстови.


——————-


Tiiiit! Inc. | Kvinna till Kvinna | Embassy of Sweden | Equality Fund | Global Fund for Women

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4