Оваа година Прво па женско ја славеше Жената Борец. Програмата беше замислена како портрет на женското лице на годината – она во време на свирежи, скандирања и поворки по улиците како одек на автентичната женска борба со пендреците, штитовите, чизмите со метални ѓонови, со барикадите, солзавците и водените топови. Портрет на женското НЕ на неправдата, насилството и криминалот.
Жените бестрашно и неуморно ги освоија улиците.
Уште малку ќе ја освојат и слободата!
Слободна Македонија, колку тоа женски звучи!
Фотографиите во галеријата се на Лилика Стрезоска и Ванчо Џамбаски.





























