ОГЛАС ЗА ИЗВРШЕН/-НА ДИРЕКТОР/-КА на ТИИИИТ! ИНК.

ОГЛАС ЗА ИЗВРШЕН/-НА ДИРЕКТОР/-КА на ТИИИИТ! ИНК.
OfWklG8YxqRezWBO6z16

Назив на работно место: Извршен/-на директор/-ка

Краен рок за пријавување: 5ти август 2024. 

Електронска адреса за поднесување на апликацијата: konkurs.tiiiit.inc@gmail.com

Апликациите задолжително да бидат со назнака „За позиција Извршен/-на директор/-ка”.

Огласот е отворен за државјани/ки и лица со работна дозвола во Република Северна Македонија.

Тиииит! Инк. – Скопје не поддржува дискриминација по ниту една основа.

———————————————————————-

ОПИС НА НАДЛЕЖНОСТИТЕ

Во моментот, тимот на Тиииит! Инк. – Скопје, составен од редовно вработена Менаџерка за финансии и администрација, Проектна координаторка, како и хонорарно ангажирани Координаторка на комуникации и две Програмски менаџерки, реализира 6 проекти финансирани од 6 донатори. 

Поширок преглед на работата на Тиииит! Инк. е достапен на веб страницата https://tiiiitinc.com/mk и каналите на социјалните мрежи https://www.facebook.com/Tiiiit.inc/ и https://www.instagram.com/tiiiit.inc/ 

Според Статутот на Здружението за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје, Извршниот/-та директор/-ка:

• е одговорен/-на пред Собранието и Управниот одбор;
• ја планира, организира и спроведува работата на Извршната канцеларија;
• го претставува и застапува Здружението во правниот промет и спрема трети лица;
• го застапува здружението пред трети лица; 
• потпишува договори во име на здружението; 
• е  потписник/-ка на сметката на здружението; 
• ја потпишува завршната сметка на здружението; 
• врши други работи утврдени со Статутот и со останатите акти.

Според Систематизацијата на Тиииит! Инк. – Скопје, Извршниот/-та директор/-ка раководи и е извршно одговорен/-на за целокупната работа на Здружението ие посебно одговорен/-на за:

Менаџерски одговорности

• Обезбедување на целокупна координација на активностите и обезбедување правна усогласеност на организацијата и внатрешно усогласување на политиките во улога на проектен/а менаџер/ка;
• Управување со спроведувањето на стратешките планови;
• Управување со имотот на организацијата; 
• Управување со програмското планирање;
• Управување со финансирањето на Здружението во согласност со можностите и потребите и согласно законските одредби и интерните правилници; 
• Управување со стратешките, годишните и акциските процеси на планирање;
• Имплементирање на проектните активности во линија со плановите за имплементација и временските рамки на проектите;
• Комуникација со донаторите и другите засегнати страни;
• Настапи во јавност, преку медиуми и други средства за комуникација;
• Менаџирање и координирање на проектни тимови;
• Учество на проектни активности во државата и надвор од неа;
• Управување со процесот на финансиско планирање;  
• Одобрување на пресметките на платите и плаќањата во координација со менаџерот/-ката за финансии и администрација.

Финансиски одговорности

• Потпишување на сметките на Здружението;
• Потпишување на завршната сметка на Здружението;
• Реализација на финансискиот план;
• Правилна употреба на средствата на Здружението;
• Тековно/редовно и вонредно финансиско известување на Управниот одбор.

Програмски одговорности

• Стратегиско и оперативно планирање, програмско моделирање, извршување и известување за програмите на Здружението;
• Идентификација на стратегиски партнери и поддржувачи, вклучувајќи стратегиски развој на ресурси;
• Раководење и/или координација со раководствата на ентитетите формирани од Здружението;
• Стратегиска координација со раководствата на партнерските организации;
• 
Тековно/редовно и вонредно програмско известување на Управниот одбор;
• 
Стратегиска комуникација и координација со канцелариите на донаторските организации.

За својата работа Извршниот/-ната директор/-ка одговара пред Управниот одбор на Здружението.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

• Диплома за завршено високо образование во соодветна област (предност ќе имаат кандидатите со завршени општествени науки и хуманистички науки. );
• 
Најмалку 5 години професионално искуство на раководни функции и/или на самостојно менаџирање и координирање проектни активности кои подразбирале и менаџирање тимови и обезбедување и менаџирање со фондови, во областа на родовите прва и феминизмот, човековите права, културата и други области од општественото живеење во кои делува организацијата;
• 
Познавање на политиките и состојбите во однос на родовата еднаквост и културата;
• 
Одлични познавања на деловен македонски и англиски јазик (пишан и говорен);
• 
Напредни вештини за информатичка технологија и одлично познавање на Microsoft Office.

Доколку имате потреба од дополнителни специфични информации може да ги побарате на konkurs.tiiiit.inc@gmail.com во периодот од 8ми до 25ти јули, 2024.

ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Со избраниот/-ната кандидат/ка Тиииит! Инк. – Скопје ќе склучи договор за вработување со взаемни права и обврски уредени во согласност со Законот за работните односи. Времетраењето на иницијалниот договор ќе биде за 3 месеци пробна работа, со можност за продолжување на определено или неопределено време.

Работното време ќе изнесува 40 часа неделно, со можност за флексибилност.

Работното место е во седиштето на Тиииит! Инк. – Скопје на ул. „Ристо Равановски“ бр. 36-1/1, Скопје, со можност за работа од дома. Работните задачи подразбираат и повремена теренска работа и службени патувања низ земјата и во странство.

Информацијата за предвидената нето плата ќе биде споделена во текот на итервјуата со прелиминарно избраните кандидати/-ки.

РОК И ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Заинтересираните кандидати/-ки потребно е да достават: 

• детална биографија на македонски јазик со вклучена листа на претходно реализирани проекти;
• 
писмо за мотивација на македонски јазик;
• 
препорака од претходен работодавач/претпоставен соработник со потврда за релевантно претходно работно искуство;
• 
податоци за контакт.

Апликациите се доставуваат на konkurs.tiiiit.inc@gmail.com со предмет на пораката „За позиција Извршен/-на директор/-ка“ најдоцна до 5ти август 2024 година.

ПОСТАПКА ЗА ИЗБОР НА КАНДИДАТ/КА

Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени во предвид. 

Најквалификуваните кандидат/ки ќе бидат повикани на интервју во периодот од 7 до 9ти август. Доколку заради летните одмори не постои услов за разговор во живо, можна е и онлајн опција за интервјуто.

———————————————————————-

Комисијата го задржува правото за организација на повеќе кругови интервјуа до конечниот избор, за што кандидатите ќе бидат навремено известувани.

Сите кандидати/-ки ќе бидат известени за конечните резултати од конкурсот, по електронски пат, во рок од 15 дена по затворање на конкурсот.

———————————————————————-

tiiiitinc_logo_outline
EN

Ве ивестуваме дека на нашата страница користиме технологии како што се колачиња, за да го подобриме Вашето корисничко искуство. Кликнете подолу за да се согласите со користењето на оваа технологија на нашата страница. За понатамошни детали погледнете ја нашата политика за приватност

Дозволи колачиња

EN

Created with Fabric.js 5.2.4