
Преку дискусијата што ќе ѝ претходи на филмската приказна за „Земја за нас“ на Карла Црнчевиќ, ќе размениме размисли за тоа дали е можен свет надвор од цивилизацијата, поинаков од сегашниот. Дали и како можеме да го смениме нашиот однос кон природата, производството, заедничкиот простор? Како, среде пирејот на индивидуализмот и отуѓеноста, да ги развиваме […]

Како поминуваат променливо-облачните денови, од живот во живот на неброено изобилство човечки судбини и онаа големата меѓу нив, на Планетата, се чини дека големите политички проекти, поврзани со зборот солидарност, понапред ќе ја изгубат својата идеолошка стабилност отколку што ќе ги победат тврдоглавите чувари на современиот свет: капиталот и авторитарната моќ. Притисокот врз сите тие […]

Со цел преку поддршка на кревката независна сцена да придонесе кон афирмација, феминистичка едукација и развој на локалната продукција во полето на современите изведувачки уметности, во 2021 година, Тиииит! Инк. ја формираше Платформата за изведувачки уметности ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ. Истата година во рамки на MOT, премиерно беа изведени два авторски феминистички перформанса развиени во рамки на […]

11 ноември во 12 часот во Младински Културен Центар || МОТ фестивал Институција која недостасува е продолжение на серијата (ко-кураторски) разговори Дијалог кој недостасува кои ЛОКОМОТИВА и ПРВО ПА ЖЕНСКО ги започнаа минатата година со цел да се креира простор во јавноста каде ќе можеме заедно да рефлектираме за делата, практиките, потребите, процесите, условите и политиките во полето […]
THE MISSING DIALOGUE – ARTIST TALK WITH VIKTORIA ILIOSKA

17.11.2022 | 12 часот | МКЦ, Галерија 2 (Фоаје на Кино Фросина, на кат) ДИЈАЛОГОТ КОЈ НЕДОСТАСУВА – Разговор со Викторија ИлиоскаМодераторки: Биљана Тануровска – Ќулавковски (ЛОКОМОТИВА) и Кристина Леловац (ПРВО ПА ЖЕНСКО) Соработнички: Душица Лазова и Елизабет Колевска Современите изведувачки уметности може да делуваат херметично поради тоа што отстапуваат од традиционалните линеарни постапки во […]
Panel discussion: Edition of the omitted

Панел дискусија Издание на изоставените Феминистичкиот фестивал ПРВО ПА ЖЕНСКО во соработка со Феминистичкиот клуб на читателки, како дел од младинската програма организира панел дискусија за феминистичка литература, перспективата на жената како писателка и читање на текст преку призмата на родот. Новата генерација читател(к)и има јасна потребата за едно критичко читање на тековната феминистичка […]
#сегакажувам #iamsayingitnow | PeachPreach Slam

Пич Прич Слем #сегакажувам ПичПрич е раскажувачка иницијатива што се занимава со женската усна историја, со цел да се сопостави на традиционалната писмена историја доминирана од мажи и да ги нормализира женските искуства. Истовремено се стреми да ги афирмира жените кои даваат свој придонес во општеството, како и да разоткрива нови и свежи […]
Feminism and Porn: Friends or Foes?

Жените гледаат порно. Жените играат и снимаат порно филмови. Исто така и феминистките. Наспроти овие факти, сé уште постојат митови дека само мажите уживаат во порно, дека порно актерките не уживаат во својата работа, феминистките мразат порно, а порно индустријата е менаџирана од мажи. Ок, последново е горе-доле вистина. Затоа, се поставува прашањето дали […]
Female room | Exoticism and Sensationalism of Folk Corporeality

Предавање „Куро крај нема: фолклорот на телесноста како егзотика и сензација“ Илина Јакимовска во соработка со ЦИНИК – Центар за истражување на национализмот и културата Предавањето ќе се осврне на начинот на кој етнологијата и културната антропологија го проблематизираат телото, но и етичките и други дилеми кои произлегуваат од истото. Имено, фокусирањето на […]
Can U Follow Us? | The Female Body in the Insta age

ДИСКУСИЈА Можеш ли да нѐ следиш? (Женското тело во Инста декада) – Медуза Модерираат: Калиа Димитрова и Ena BendevskaГоворат: Марија Ангеловска, Trpeska Aleksandra и Kika Aveiro Комплексната врска меѓу женските тела и медиумите е разочарувачки одраз на третманот на општеството кон жените и нивното право да постојат и да се изразуваат автономно во своето […]
Gynaecology and obstetrics: services, availability and treatment

Поседувањето достоинствен третман во доменот на репродуктивното здравје и ефективното информирање за здравствените сервиси се загарантирани човекови права. Некоректниот однос, физичкото и психолошкото вознемирување, игнорирањето на болката, лишувањето од избор при бременоста и раѓањето се сериозни секојдневни прекршоци на женските права кои мора да се адресираат јавно. Во процесот на снабдување услуги поврзани со репродуктивното […]
Movie screening + Discussion

ФИЛМСКО МАТИНЕ СО ЛЕЗ-ФЕМ: ПРЕМИЕРА НА КРАТКИОТ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ „СЕМИ“ И ДЕБАТА ЗА ПРАВОТО НА СЕМЕЕН ЖИВОТ НА ЛГБТИ ЗАЕДНИЦАТА Краткиот документарен филм „Семи“ е изработен од Ана Симонова како режисерка и авторка и Ана Таневска како монтажерка. Двете се млади феминистки, борки за правата на ЛГБТИ заедницата и членки на ЛезФем. Филмот пред се […]
Female Room | Panel Discussion: WHAT SHOULD WE DO?

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА: ШТО ДА СЕ ПРАВИ? Неодамнешните законски измени ги загрозуваат репродуктивните и основните човекови права како и правата на жените. ЛГБТ заедницата е под постојан напад и нема заштита од институциите. Оваа трибина ќе се обиде да понуди критички осврт на позицијата на жените и на ЛГБТ заедницата во актуелните политичко-општествени услови и да […]
Women’s Room | ANTI-LECTURE: THE GENDER OF POLITICS AND THE BODY POLITIC

ЖЕНСКА СОБА 15.00 кино Фросина, фоаје на кат АНТИ-ПРЕДАВАЊЕ: РОДОТ НА ПОЛИТКАТА И ПОЛИТИЧКОТО ТЕЛО Говорници: Славчо Димитров, истражувач, теоретичар и активист (Скопје); Проф. Катерина Колозова, Институт за општествени и хуманистички истражувања (Скопје); Проф. Јелисавета Благојевиќ, Факултет за медиуми и комуникации –СИНГИДУНУМ (Белград); Оваа дискусија е обид за критика на комплексната историска и неутрализирана релација […]
Check In/Check Up @HERA Mobile Clinic

ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ! Мобилната клиника на Х.Е.Р.А за прв пат на Прво па женско! Одлична можност да добиете бесплатен преглед и да се консултирате во доверба за се она што сакавте да знаете за репродуктивно здравје. Побарајте го комбето на Х.Е.Р.А и бесплатно добијте гинеколошки преглед, ПАП-тест, ултразвук, орална хормонална контрацепција, консултирање, дијагноза и третман за ППБ, […]
Stories from the refugee crisis

ДИСКУСИЈА: ЖЕНИТЕ ВО БЕГАЛСКАТА КРИЗА Модератор: Јана Старделова – Тиииит! Инк. Говорници: Уранија Пировска – Хелсиншки комитет за човекови права на РМ, Мерсиха Смаиловиќ – Легис и Ленче Здравкин. На стотина километри јужно и северно од Скопје проаѓа Западно-балканската рута, низ која дневно транзитираат луѓе во потрага по безбедност и подобро утре. Преку женските заложби и […]
Female Room | Presentations

Презентации во женската соба на Платформата за родова еднаквост и ЛД Солидарност. ПЛАТФОРМА ЗА РОДОВА ЕДНАКВOCТ Презентацијата на Платформата за родова еднаквост ги содржи сите информации кои се однесуваат на формирањето, мисијата, визијата, целите, начинот на функционирање и досегашните активности на Платформата. Таа ќе го претстави процесот преку кој граѓанските организации кои работат на полето […]
Can you recognize love? True love?

ХЕРА Млади: Знаеш ли да препознаеш љубов? А вистинска љубов? Модератор: Маја Балшиќеска Говорници: Деспина Стојановска – Прв семеен центар; Насер Дурмиши – Прв семеен центар; Елена Димушевска – Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство Темата за која многу малку се зборува, а за која статистиката вели дека 1 од 5 млади […]
Who’s afraid from the gender online?

Кој се плаши од родот онлјан? Говорници: Јована Ананиевска, ХЕРА; Маја Мрмова – ХЕРА волонтер; Биљана Гинова – ЛезФем; Наташа Бошкова – Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани групи“ Модератор: Ана Поп Стефанија – ХЕРА Што е толку страшно во тоа да се зборува за сексуалното и репродуктивно здравје и права? За родовата […]
Gala night of Women’s storytelling | PeachPreach

Одамна не сте слушнале жени како раскажуваат? Мислите дека жена не може да раскаже приказна во десет минути, без да ја прекинете или да направи дигресија? Тогаш дојдете на гала вечерта на раскажување приказни Пичприч/PeachPreach, каде што ќе имате можност да уживате во раскажувањето на неколку бестрашни и истакнати жени од нашето секојдневие, и тоа […]
Gender and sexual (in)equality in Yugoslavia: between revolutionary utopia and historical continuity of patriarchy

Овој панел има за цел да ја отвори за дискусија и промислување комплексната, динамична и, честопати контрадикторна позиција на родовата и сексуалната еманципација во рамки на социјалистичка Југославија. За разлика од националистички ориентираната историографија на ревизионизам, и нејзиното неправедно хомогенизирање на комплексноста на југословенското наследство под капата на титоистичкиот тоталитаризам, историјата на родовата и […]
Culinary exhibition: “Sunday Lunch as Reproductive Labour“

Со почетокот на неолибералната глобализација, во земјите во развој започнува процес на феминизација на трудот, во кој дел од жените кои претходно го обавувале репродуктивниот труд во домаќинството сега масовно се вклучуваат во процесот на производство, пред сè во трудовоинтензивните гранки. Така жените се повторно експлоатирани преку екстракција на вишокот на вредност кој го создаваат. […]
Discursive program

Ова не е дебата.Ова не е панел-дискусија.Овде нема железен протокол и сериозни вратоврски. Ова се разговори помеѓу луѓе соочени со исти предизвици.На оваа маса седат жени со исти интереси и заложби. Се прашуваат едни со други и изнаоѓаат заеднички позиции за делување. За женската солидарност и социјалното претприемништво: Драгана Каровска Чемерска (ХЕРА) и Јелена Вишњиќ […]
LezFem Slam

ЛезФем Слем Неформалната група ЛезФем традиционално ја зазема сцената на ПРВО ПА ЖЕНСКО со веќе добро познатиот ЛезФем поетски слем. Пишувањето, споделувањето и славењето на женската поезија е нашиот чин на градење нови, слободни простори и реалности. Очекувајте едночасовен оган на подиумот предизвикан од моќни, гласни, љубовни, квир, борбени и провокативни стихови од женските гласови […]