QUEER програма | Дискусија: Цената на слободата за квир жените: непослушни мајки, невозможни љубови

„ЉУБИ МЕ НЕЖНО” – дискусија по филмот | 🗓️ 7 ноември, 19:45 ч, @laboratorium (главна сала) | 🎫 слободен влез | #QUEER програма на #ППЖ14 👄 По проекцијата на “Love Me Tender” (2025), следи дискусија на тема „Цената на слободата за квир жените: непослушни мајки, невозможни љубови“ со @rosydarkling, @gracijaatanasovska и @slatkarnica85. “Love Me Tender” […]
Дискусија: Семејство, но поинаку: Кои се можностите за правно препознавање на истополовото партнерство?
На проекцијата ќе ѝ претходи разговор што ќе се обиде да ја локализира филмската приказна, отворајќи прашања за можно правно препознавање и уредување на истополовите релации во земјава и отпочнување на семејство. Низ разговор со Душица Лазова, правничката и експертка за човекови права Маја Атанасова ќе ги разгледа постоечките пракси во регионот и пошироко – […]
QUEER програма: Разговор во живо со режисерката Цели Хаџидимитриу
Цели Хаџидимитриу е наградувана режисерка, фотографка и писателка родена и израсната на островот Лезбос во Грција. Цели ги снима и фотографира животите на жителите на Лезбос од 1990. Во својата работа се повикува на сите свои искуства и способности, со цел да им даде простор и глас на обичните луѓе кои живеат едноставен живот, на страна […]
Ткаење солидарност – од раце до срце: осмислување на заедништвото преку женското кооперативно здружување
Дискусија и презентација на истражување за женските кооперaтиви на ПРВО ПА ЖЕНСКО 13 #ППЖ13 | Ткаење солидарност – од раце до срце: обмислување на заедништвото преку женското кооперативно здружување | 12 јуни | 12:00 – 15:00 | Кафе книжарница БУКВА Лекот за болката и страдањето се случува во просторот на заедничкото постоење и дејствување. Се случува во заедница каде […]
ЖИВОТ БЕЗ КАПИТАЛИЗАМ: КАКО ДОТАМУ?

Преку дискусијата што ќе ѝ претходи на филмската приказна за „Земја за нас“ на Карла Црнчевиќ, ќе размениме размисли за тоа дали е можен свет надвор од цивилизацијата, поинаков од сегашниот. Дали и како можеме да го смениме нашиот однос кон природата, производството, заедничкиот простор? Како, среде пирејот на индивидуализмот и отуѓеноста, да ги развиваме […]
Панел „РАДИКАЛНА СОЛИДАРНОСТ: поврзување низ слоеви и афекти“

Како поминуваат променливо-облачните денови, од живот во живот на неброено изобилство човечки судбини и онаа големата меѓу нив, на Планетата, се чини дека големите политички проекти, поврзани со зборот солидарност, понапред ќе ја изгубат својата идеолошка стабилност отколку што ќе ги победат тврдоглавите чувари на современиот свет: капиталот и авторитарната моќ. Притисокот врз сите тие […]
ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ 2.0 – презентација на платформата за изведувачки уметности

Со цел преку поддршка на кревката независна сцена да придонесе кон афирмација, феминистичка едукација и развој на локалната продукција во полето на современите изведувачки уметности, во 2021 година, Тиииит! Инк. ја формираше Платформата за изведувачки уметности ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ. Истата година во рамки на MOT, премиерно беа изведени два авторски феминистички перформанса развиени во рамки на […]
Дијалог кој недостасува: ИНСТИТУЦИЈА КОЈА НЕДОСТАСУВА

11 ноември во 12 часот во Младински Културен Центар || МОТ фестивал Институција која недостасува е продолжение на серијата (ко-кураторски) разговори Дијалог кој недостасува кои ЛОКОМОТИВА и ПРВО ПА ЖЕНСКО ги започнаа минатата година со цел да се креира простор во јавноста каде ќе можеме заедно да рефлектираме за делата, практиките, потребите, процесите, условите и политиките во полето […]
ДИЈАЛОГОТ КОЈ НЕДОСТАСУВА – Разговор со Викторија Илиоска

17.11.2022 | 12 часот | МКЦ, Галерија 2 (Фоаје на Кино Фросина, на кат) ДИЈАЛОГОТ КОЈ НЕДОСТАСУВА – Разговор со Викторија ИлиоскаМодераторки: Биљана Тануровска – Ќулавковски (ЛОКОМОТИВА) и Кристина Леловац (ПРВО ПА ЖЕНСКО) Соработнички: Душица Лазова и Елизабет Колевска Современите изведувачки уметности може да делуваат херметично поради тоа што отстапуваат од традиционалните линеарни постапки во […]
Панел дискусија: Издание на изоставените

Панел дискусија Издание на изоставените Феминистичкиот фестивал ПРВО ПА ЖЕНСКО во соработка со Феминистичкиот клуб на читателки, како дел од младинската програма организира панел дискусија за феминистичка литература, перспективата на жената како писателка и читање на текст преку призмата на родот. Новата генерација читател(к)и има јасна потребата за едно критичко читање на тековната феминистичка […]
#сегакажувам | ПичПрич Слем

Пич Прич Слем #сегакажувам ПичПрич е раскажувачка иницијатива што се занимава со женската усна историја, со цел да се сопостави на традиционалната писмена историја доминирана од мажи и да ги нормализира женските искуства. Истовремено се стреми да ги афирмира жените кои даваат свој придонес во општеството, како и да разоткрива нови и свежи […]
Феминизам и порно: Friends or Foes?

Жените гледаат порно. Жените играат и снимаат порно филмови. Исто така и феминистките. Наспроти овие факти, сé уште постојат митови дека само мажите уживаат во порно, дека порно актерките не уживаат во својата работа, феминистките мразат порно, а порно индустријата е менаџирана од мажи. Ок, последново е горе-доле вистина. Затоа, се поставува прашањето дали […]
Куро крај нема: фолклорот на телесноста како егзотика и сензација

Предавање „Куро крај нема: фолклорот на телесноста како егзотика и сензација“ Илина Јакимовска во соработка со ЦИНИК – Центар за истражување на национализмот и културата Предавањето ќе се осврне на начинот на кој етнологијата и културната антропологија го проблематизираат телото, но и етичките и други дилеми кои произлегуваат од истото. Имено, фокусирањето на […]
Можеш ли да нѐ следиш? | Женското тело во Инста декада

ДИСКУСИЈА Можеш ли да нѐ следиш? (Женското тело во Инста декада) – Медуза Модерираат: Калиа Димитрова и Ena BendevskaГоворат: Марија Ангеловска, Trpeska Aleksandra и Kika Aveiro Комплексната врска меѓу женските тела и медиумите е разочарувачки одраз на третманот на општеството кон жените и нивното право да постојат и да се изразуваат автономно во своето […]
Гинекологија и акушерство: сервиси, достапност и третман

Поседувањето достоинствен третман во доменот на репродуктивното здравје и ефективното информирање за здравствените сервиси се загарантирани човекови права. Некоректниот однос, физичкото и психолошкото вознемирување, игнорирањето на болката, лишувањето од избор при бременоста и раѓањето се сериозни секојдневни прекршоци на женските права кои мора да се адресираат јавно. Во процесот на снабдување услуги поврзани со репродуктивното […]
Филмско матине + Дебата

ФИЛМСКО МАТИНЕ СО ЛЕЗ-ФЕМ: ПРЕМИЕРА НА КРАТКИОТ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ „СЕМИ“ И ДЕБАТА ЗА ПРАВОТО НА СЕМЕЕН ЖИВОТ НА ЛГБТИ ЗАЕДНИЦАТА Краткиот документарен филм „Семи“ е изработен од Ана Симонова како режисерка и авторка и Ана Таневска како монтажерка. Двете се млади феминистки, борки за правата на ЛГБТИ заедницата и членки на ЛезФем. Филмот пред се […]
Женска Соба | ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА: ШТО ДА СЕ ПРАВИ?

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА: ШТО ДА СЕ ПРАВИ? Неодамнешните законски измени ги загрозуваат репродуктивните и основните човекови права како и правата на жените. ЛГБТ заедницата е под постојан напад и нема заштита од институциите. Оваа трибина ќе се обиде да понуди критички осврт на позицијата на жените и на ЛГБТ заедницата во актуелните политичко-општествени услови и да […]
Женска Соба | АНТИ-ПРЕДАВАЊЕ: Родот на политиката и политичкото тело

ЖЕНСКА СОБА 15.00 кино Фросина, фоаје на кат АНТИ-ПРЕДАВАЊЕ: РОДОТ НА ПОЛИТКАТА И ПОЛИТИЧКОТО ТЕЛО Говорници: Славчо Димитров, истражувач, теоретичар и активист (Скопје); Проф. Катерина Колозова, Институт за општествени и хуманистички истражувања (Скопје); Проф. Јелисавета Благојевиќ, Факултет за медиуми и комуникации –СИНГИДУНУМ (Белград); Оваа дискусија е обид за критика на комплексната историска и неутрализирана релација […]
Check In/Check Up @Мобилна клиника на Х.Е.Р.А.

ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ! Мобилната клиника на Х.Е.Р.А за прв пат на Прво па женско! Одлична можност да добиете бесплатен преглед и да се консултирате во доверба за се она што сакавте да знаете за репродуктивно здравје. Побарајте го комбето на Х.Е.Р.А и бесплатно добијте гинеколошки преглед, ПАП-тест, ултразвук, орална хормонална контрацепција, консултирање, дијагноза и третман за ППБ, […]
ЖЕНИТЕ ВО БЕГАЛСКАТА КРИЗА

ДИСКУСИЈА: ЖЕНИТЕ ВО БЕГАЛСКАТА КРИЗА Модератор: Јана Старделова – Тиииит! Инк. Говорници: Уранија Пировска – Хелсиншки комитет за човекови права на РМ, Мерсиха Смаиловиќ – Легис и Ленче Здравкин. На стотина километри јужно и северно од Скопје проаѓа Западно-балканската рута, низ која дневно транзитираат луѓе во потрага по безбедност и подобро утре. Преку женските заложби и […]
ЖЕНСКА СОБА | Презентации

Презентации во женската соба на Платформата за родова еднаквост и ЛД Солидарност. ПЛАТФОРМА ЗА РОДОВА ЕДНАКВOCТ Презентацијата на Платформата за родова еднаквост ги содржи сите информации кои се однесуваат на формирањето, мисијата, визијата, целите, начинот на функционирање и досегашните активности на Платформата. Таа ќе го претстави процесот преку кој граѓанските организации кои работат на полето […]
Знаеш ли да препознаеш љубов? А вистинска љубов?

ХЕРА Млади: Знаеш ли да препознаеш љубов? А вистинска љубов? Модератор: Маја Балшиќеска Говорници: Деспина Стојановска – Прв семеен центар; Насер Дурмиши – Прв семеен центар; Елена Димушевска – Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство Темата за која многу малку се зборува, а за која статистиката вели дека 1 од 5 млади […]
Кој се плаши од родот онлјан?

Кој се плаши од родот онлјан? Говорници: Јована Ананиевска, ХЕРА; Маја Мрмова – ХЕРА волонтер; Биљана Гинова – ЛезФем; Наташа Бошкова – Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани групи“ Модератор: Ана Поп Стефанија – ХЕРА Што е толку страшно во тоа да се зборува за сексуалното и репродуктивно здравје и права? За родовата […]
Гала Вечер на раскажување женски приказни | ПичПрич

Одамна не сте слушнале жени како раскажуваат? Мислите дека жена не може да раскаже приказна во десет минути, без да ја прекинете или да направи дигресија? Тогаш дојдете на гала вечерта на раскажување приказни Пичприч/PeachPreach, каде што ќе имате можност да уживате во раскажувањето на неколку бестрашни и истакнати жени од нашето секојдневие, и тоа […]
Родовата и сексуалната (не)еднаквост во Југославија: помеѓу револуционерната утопија и историскиот континуитет на патријархатот

Овој панел има за цел да ја отвори за дискусија и промислување комплексната, динамична и, честопати контрадикторна позиција на родовата и сексуалната еманципација во рамки на социјалистичка Југославија. За разлика од националистички ориентираната историографија на ревизионизам, и нејзиното неправедно хомогенизирање на комплексноста на југословенското наследство под капата на титоистичкиот тоталитаризам, историјата на родовата и […]
Неделниот ручек како репродуктивен труд

Со почетокот на неолибералната глобализација, во земјите во развој започнува процес на феминизација на трудот, во кој дел од жените кои претходно го обавувале репродуктивниот труд во домаќинството сега масовно се вклучуваат во процесот на производство, пред сè во трудовоинтензивните гранки. Така жените се повторно експлоатирани преку екстракција на вишокот на вредност кој го создаваат. […]
Дискурзивна програма

Ова не е дебата.Ова не е панел-дискусија.Овде нема железен протокол и сериозни вратоврски. Ова се разговори помеѓу луѓе соочени со исти предизвици.На оваа маса седат жени со исти интереси и заложби. Се прашуваат едни со други и изнаоѓаат заеднички позиции за делување. За женската солидарност и социјалното претприемништво: Драгана Каровска Чемерска (ХЕРА) и Јелена Вишњиќ […]
ЛезФем Слем

ЛезФем Слем Неформалната група ЛезФем традиционално ја зазема сцената на ПРВО ПА ЖЕНСКО со веќе добро познатиот ЛезФем поетски слем. Пишувањето, споделувањето и славењето на женската поезија е нашиот чин на градење нови, слободни простори и реалности. Очекувајте едночасовен оган на подиумот предизвикан од моќни, гласни, љубовни, квир, борбени и провокативни стихови од женските гласови […]