Учесници
Никулец Креатива
Центар за едукација и креативност на деца и млади
Синопсис
Никулец Креатива | ДЕТСКО КАТЧЕ
Многу деца. Еден куп дрвени боички и гооолема илустрација на Jacinta Bunnell - креаторката на првите gender sensitive боенки за деца. Дојдете заедно со децата да ги обоиме стереотипите со боите на виножитото.
Центарот за едукација и креативност за деца „Никулец Креатива“ работи на развивање на креативноста кај децата од школска возраст преку практични вежби, стратешко размислување и интеракција. Ќе им помогнеме на децата да ги препознаат и изразат индивидуалните способности, интереси и таленти, и да создадат заеднички интереси и чувство на припадност преку тимска, креативна работа и учење.