Инфо

Година

2017

Дата/Време

Сабота 20.05 18:00

Место

Фоаје на кино Фросина на кат

Земји учесници

Хрватска | SRB | БИХ | МК |

Учесници

Франко Дота

Франко Дота

Франко Дота неодамна докторираше на тема: Хомосексуалноста во социјалистичка Југославија, на Институтот за историја при Факултетот за општествени и хуманистички...

Повеќе

Ивана Пантелиќ

Ивана Пантелиќ

Ивана Пантелиќ е соработник - истражувач на Институтот за современа историја во Белград. Дипломирала историја, магистрирала социјална антропологија и докторирала...

Повеќе

Тијана Окиќ

Тијана Окиќ

Тијана Окиќ е родена во Сараево, каде што дипломирала и подоцна вработила на Филозофскиот факултет. Од 2015 година, таа е...

Повеќе

Славчо Димитров

Славчо Димитров

Славчо Димитров дипломирал на катедрата за Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет при УКИМ и има магистрирано Родови студии...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

Родовата и сексуалната (не)еднаквост во Југославија: помеѓу револуционерната утопија и историскиот континуитет на патријархатот

 

Овој панел има за цел да ја отвори за дискусија и промислување комплексната, динамична и, честопати контрадикторна позиција на родовата и сексуалната еманципација во рамки на социјалистичка Југославија. За разлика од националистички ориентираната историографија на ревизионизам, и нејзиното неправедно хомогенизирање на комплексноста на југословенското наследство под капата на титоистичкиот тоталитаризам, историјата на родовата и сексуалната еднаквост во Југославија треба да биде промислена одново преку посуптилен, внимателен, критички и историски сензитивен пристап, без притоа одговорот да биде вметнат во рамка на контра-ревизионистички тенденции на монументализација или романтизација на социјалистичкото историско наследство. Одовде, и овој панел стреми да ги донесе во преден план како еманципаторските потенцијали, така и патријархалните блокади, во третманот на родовата и сексуалната еднаквост во социјалистичка Југославија, да го преиспита нивното значење за колективната меморија, и да ги истражи можностите што различните критички и еманципаторски практики за родот и сексуалноста во Југославија ги отвораат за нашето современо обмислување и политичко дејствување во насока на родова и сексуална еманципација.

Учесници: Франко Дота, Ивана Пантелиќ и Тијана Окиќ

Модератор: Славчо Димитров

 

Top