QUEER програма | ПО РАЦЕТЕ | Изложба на аналогни фотографии на Dykehand

🖐️ { ПО РАЦЕТЕ } изложба на аналогни фотографии на @dykehand | #QUEER програма на #ППЖ14 |🗓️ 6 ноември, 20:00 ч, @ljubov.bar | 🎫 слободен влез „Овој мал проект се јави од желбата да ја истражувам и документирам разновидноста во естетската убавина на лезбејските раце. Ме фасцинира тоа што меѓу нас, рацете можат да бидат […]
QUEER програма: „Историјата на собирите на ЛГБТИК+ жените од регионот“ – Изложба на ЛГБТИК+ архивата „Аркадија“

Во четврток, на 30 октомври го отвораме есенското издание на ПРВО ПА ЖЕНСКО #ППЖ13 со првиот настан од QUEER програмата со изложбата „Историјата на собирите на ЛГБТИК+ жените од регионот“ на ЛГБТИК+ архивата „Аркадија“. Од средината на 1990-тите години, Лезбејската недела станува едно од најважните регионални собирања на лезбејки, бисексуални и квир жени низ Балканот. Одржувана во континуитет од […]
Џинови и снегулки | самостојна изложба на Христина Иваноска

Со задоволство Ве покануваме на отворањето на самостојната изложба на уметницата Христина Иваноска, со наслов „Џинови и снегулки“, на 24 декември (вторник) во 19 часот, во Музејот на Северна Македонија. Оваа изложба е дел од проектот „Архиви на невидливите 3.0“, поддржан од Фондацијата Хајнрих Бел и Министерството за култура на Северна Македонија. Изложбата е реализирана како соработка помеѓу Центарот […]
Тука, но некаде другаде

Тука, но некаде другаде | 24. 10. 2024 – 04. 11. 2024 | Мала станица – Скопје Отварање на изложбата: 24 октомври во 19 часот ******************************* Уметници: Невена Алексовски, Елена Чемерска и Ивана Мирчевска, Ана Чворовиќ, Андреа Кнезовиќ, Илија Прокопиев, Ленка Ѓоројевиќ Кураторка: Јана Старделова Кој може да одлучи да се пресели, а кој е принуден да […]
Документот кој недостига | Изложба на Христина Иваноска

Архиви на невидливите: „Македонка – Орган на АФЖ“ (1944-1952): историски искуства и културна меморија Во петок, 28.10.2022, со почеток од 12 часот, во Музејот на Република Северна Македонија–Скопје, ќе одржи промотивен настан со фокус на сеопфатно истражување на првото македонско женско списание „Македонка – Орган на АФЖ“. Настанот го организира Центарот за истражување […]
Земјата во нашите џебови – самостојна изложба на Невена Алексовски

Невена Алексовски за првпат ќе изложува пред македонската публика на десетото, јубилејно издание на фестивалот Прво па женско. Таа е активна на словенечката независна уметничка сцена, има бројни самостојни и групни изложби. Во галеријата на PrivatePrint ќе се претстави со самостојна изложба насловена „Земјата во нашите џебови“. Истовремено со изложбата, ќе ја промовираме и нејзината […]
ДОАЃАМЕ СО ПОКЛОН – самостојна изложба на Шејла Камериќ

Во пријателска соработка помеѓу КРИК – фестивал за критичка култура и Фестивалот за феминистичка култура и акција – ПРВО ПА ЖЕНСКО, за првпат во Северна Македонија имаме чест и радост да ја претставиме Шејла Камериќ, една од најзначајните уметници со огромен број меѓународни референци, со изложбата насловена „Доаѓаме со поклон“. Изложбата е во соработка со […]
Овцата, змијата, кучката и нивната свиња / Албена Баева

Изложбата на Албена Баева ги критикува онлајн дискусиите. Учесниците во овие дискусии, ограничени во своите светови од слични гледишта и аргументи, го гледаат остатокот од светот поинаку, преку изобличени рефлексии на ѕидовите на световите во кои живеат безбедно, далеку од спротиставените мислења. Токму мислењата кои најчесто се повторуваат во овие онлајн простори стануваат реалност и […]
WoW Program | “БЕЗ ПРОСТОР” на Селма Селман

20:00 МСУ Изложба на Селма Селман (БиХ) * отворање на изложбата и официјално затворање на фестивалот Изложбата Без простор на Селма Селман ја проблематизира особено деликатната и секогаш присутна тема на просторот: личен, колективен, телесен, ментален, емотивен, политички, женски, нерационален, креативен, реален, внатрешен, простор за емпатија, простор на преиспитување и преживување. На сцената во Хамбург, […]
Ничии прагови конкретно

Изложба и официјално отворање на фестивалот “Ничии прагови конкретно” Елена Чемерска и Ивана Мирчевска Замислетe една променлива архитектура која оперира како open source софтвер, чии материјалност и виртуелност остануваат отворени за постојана модификација и подобрување, следејќи го навигацискиот импулс на телото. Тоа е движечка сила на телото која просторно го изразува чувството, како нешто што […]
O | Јана Јакимовска

Изложба “О” Јана Јакимовска Дигитално, зашто иднината е дигитална. Фотографирано, зашто во копи-пејст сегашноста старите вештини се непотребен луксуз. Чкртано, зашто секој знае да чкрта. Текстуално обременето, зашто живееме во време на меме-култура, снепчет и пурикура. Автопортрет, зашто твојата приказна полесно се голта низ туѓо искривено лице. Факти, зашто боговите треба да се замолчат […]
Ова објективизирано тело

Изложба „Ова објективизирано тело“ Марија Ангеловска * отворање на изложбата и официјално отворање на фестивалот Марија Ангеловска е концептуална и мултимедијална уметница која ги споделува своите идеи на социјалната платформа Инстаграм, потенцирајќи ја ползата од интернетот кој ѝ дозволува да ги изрази своите ставови со поширока публика, на начин на кој помалку привилегираните жени […]
ИНСТАЛАЦИЈА ВО ПРОСТОР | Девојките од Кула

Предмет: „Што е она што го прави денешниот дом толку различен, толку привлечен во 2015та?“ Колективот Кула овој пат се претставува само со неговата „понежна“ половина, преку интервенирање во галерискиот простор. Целта е да се истражи можноста да се промени дефиницијата на еден простор, акцентирајќи ја вклученоста на публиката во неговото редефинирање.
HUMAN BEINGS – GOD’S ONLY MISTAKE#5 | WASTED RITA

ИЗЛОЖБА: HUMAN BEINGS – GOD’S ONLY MISTAKE#5 WASTED RITA (PRT) 20.00 галерија на МКЦ WASTED RITA е микс од многу часови поминати на религиозен колеџ, адолесценција расипана од Black Flag и силна волја да завладее со светот. Freelance илустраторка, графичка дизајнерка, саркастична колку што е тоа неопходно, сака да пишува за животот и за човековото […]
Изложба на фотографии

8ми март во интимниот фокус на Камка Тоциновски, Ѓорче Ставревски, Ана Јакимска, Иван Илиев, Наташа Гелева NeuErotik, Самир Љума, Катја Штркова, Димитар Апостолов, Менче Петреска и Филип Пајдаков.
Отворање на изложба | Ете ни жени

ЕТЕ НИ ЖЕНИ Адела Јушиќ Кога го посетив бункерот на Тито во Коњиц, забележав целосен недостаток од женско присуство. Единственото место каде што можеле да го замислат присуството на жените во ова сценарио на нуклеарна катастрофа е спалната соба, опремена за Тито и неговата жена, која вклучува и маса за шминкање. Друга трага на […]
Отворање на изложба на протестни фотографии

ЖЕНА БОРЕЦ – женски портрет на граѓанскиот отпор во Македонија во 2015 Слободна Македонија, колку тоа женски звучи! Волјата на жената е непоколеблива. Таа е присутна насекаде околу нас и е водечката сила на животот, бидејќи на нејзина страна се љубовта, вистината, правдата, толеранцијата, храброста и слободата. Оваа изложба е само мал портрет на женското […]
Изложби | Христина Иваноска, Сирота мала богаташица (избришано минато) & HAVEIT, Pilule du Lendemain

Христина Иваноска (р. 1974) е докторантка на академијата за ликовни уметности во Виена. Таа работи интердисциплинарно, истражувајќи ги општествените и политички системи и нивната поврзаност со теоријата и историјата. Има изложувано во Künstlerhaus; <rotor> (Грац), MNAC (Букурешт), State Museum of Contemporary Art (Солун), MOCA (Скопје), Slovak National Gallery (Братислава), NGBK (Берлин), Konsthall C (Стокхолм), […]
Изложба на постери од конкурсот

За својот петти роденден ПРВО ПА ЖЕНСКО доби дури 95 шарени, секси, политични, креативни подароци и тоа од докажани професионалки/ци, ветувачки почетнички/ци, аматер(к)и и вљубенички/ци во фестивалот, кои се пријавија на отворениот повик за дизајн на постер за јубилејното издание на фестивалот. Нè израдувавте, направивте да се чувствуваме важни и горди, но и ни […]
ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ, Ćemo, ćemo… ja, ma kako ćemo?!

Авторките на амбиенталната инсталација Ćemo, ćemo… ja, ma kako ćemo?! го актуелизираат прашањето за неплате-ниот домашен труд. Презентираната содржина произлегува од заедничкото етнографско истражување на работата на хрватските негувателки на стари и изнемоштени лица во Италија, и ја ак-туелизира и проблематизира невидли-воста на работничките во домот во се-којдневниот и јавниот говор, особено нивната незаштитеност во институцио-нални рамки. […]
Изложба | Куварици

Занаетчиското здружение „NEpraktič-ne žeNE“ ги здружува женските, машките и останатите верзии на везени НОВИ КУВАРИЦИ. Именувано е во 2016, а настанало уште во 2000 година. Членки, членови и останати: Ленка Зеленовиќ, Бригита Меѓо, Сања Стаменковиќ, Пава Мартиновиќ, Весна Ненадов, шкарт, Владан Николиќ и многу други жени и мажи… се прашуваме и прашуваме: – смееме ли […]