МАЧКАТА ЕЛЕОНОРА | Перформанс по монодрамата на Карен Јес | 15 и 16 април

Изведба на перформансот развиен во рамки на платформата за изведувачки уметности на Тиииит! Инк. - ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДИНИНИ 2.0

МАЧКАТА ЕЛЕОНОРА | 15 и 16 април | 20 ч | МКЦ Клуб | Билети на https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1364

 

МАЧКАТА ЕЛЕОНОРА по монодрамата на Карен Јес

со авторски текстови од коавторките и текстови на Елфриде Јелинек, Пол Б. Пресиадо и Силвија Федеричи

Коавторки: Моника Ангелевска, Грација Атанасовска, Јасмина Василева, Вероника Камчевска и Катерина Шекутковска

Изведувач(к)и: Моника Ангелевска, Грација Атанасовска, Јасмина Василева, Вероника Камчевска и Лазарус

Превод од германски јазик: Катерина Шекутковска

Звук: Горан Москов

Поддршка во креативниот процес: Јасна Жмак, Викторија Илиоска, Кристина Леловац, Биљана Тануровска-Ќулавковски, Ана Дубљевиќ

Извршен продуцент: Петар Антевски

Дизајн: Ема Велковска

Лектура: Љупка Евроска

Права за изведба: S. Fischer Verlag

Продукција: Тииииит! Инк. – Скопје, 2023

со финансиска поддршка од The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund, The Sigrid Rausing Trust и Министерството за култура на РСМ.

 

ЗА ПЕРФОРМАНСОТ

Како може да се замисли индивидуална и колективна трансформација поаѓајќи од невозможноста за дијалог и од поразителната недоволност на јазикот и зборот? Монодрамата „Мачката Елеонора“ на германската авторка Карен Јес нуди мноштво инспиративни, смели, но и предизвикувачки решенија и одговори за патот кон трансформацијата и предизвиците поврзани со чинот на отфрлање на светот во име на радикалната самоопределба. Токму овие аспекти стојат во фокусот на перформансот „Мачката Елеонора“. Навидум линеарниот процес на трансформацијата од човек во мачка, како и на наративниот развој на перформансот е воден од принципот на сплотени контрадикции. Колективот ги разработува овие процеси не само преку амбивалентниот лик на жената мачка Елеонора Гарацо, туку и преведувајќи ги во контекст на професионалниот, сексуалниот и родовиот идентитет преку комбинирање на текстуалната основа со свои авторски трудови и трудови од други автори/авторки.

ЗА КОЛЕКТИВОТ

Во работата на интердисциплинарната група авторки се преплетуваат пристапи од изведувачките и визуелните уметности со теоријата и книжевноста. Во фокус на нивната автентична практика стои токму комуникацијата меѓу дисциплините и истражувањето на можностите за методски и содржински трансфер од едната во другата. Преиспитувањето актуелни феминистички и родови прашања и политики, како и потрагата по простор за вонинституционално креативно изразување се едни од главните цели на колективот.

ЗА ПЛАТФОРМАТА

Со цел преку поддршка на кревката независна сцена да придонесе кон афирмација, феминистичка едукација и развој на локалната продукција во полето на современите изведувачки уметности, во 2021 година, Тиииит! Инк. ја формира Платформата за изведувачки уметности ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ, во рамки на која, низ процес темелен на солидарност, поддршка, заедничко учење и соработка, беа создадени авторските феминистички перформанси СРАМ на актерката Ангела Стојановска и ЈОВАНО, ЈОВАНКЕ на танчарката и кореографка Јована Зајкова.

Развојот, низ систем на постојана и сеопфатна поддршка на колективниот креативен процес и продукцијата, на перформансот МАЧКАТА ЕЛЕОНОРА беше дел од програмата на Платформата во 2023 година, насловена ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ 2.0 Програмата ја курираше Кристина Леловац и се реализираше во соработка со програмата Култренинг на ЛОКОМОТИВА – Центарот за нови иницијативи за уметност и култура и Меѓунардниот театарски фестивал МОТ.

***

Дистрибуцијата на перформансот МАЧКАТА ЕЛЕОНОРА во 2024 е  поддржана од Equality Fund и Министерството за култура на РСМ.