Учесници

Билјана Радиноска
Билјана Радиноска е театарска режисерка која работи во пресекот помеѓу класичниот и експерименталниот театар, оформувајќи повеќеслоен театарски израз помеѓу документарното...
Повеќе
Јасмина Василева
Јасмина Василева е дипломирана актерка на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Магистрирала културолошки студии на Институтот за македонска литература...
Повеќе
Aна Дубљевиќ
Aна Дубљевиќ е изведувачка и авторка во полето на танцот, кореографијата и перформансот. Таа е активна членка на Станица -...
Повеќе
Мод Хендрикс и Бернадет О’Рајли
Мод Хендрикс и Бернадет О’Рајли заедно создаваат перформанси. Тие се уметници со резиденција во Болницата за жени и новороденчиња “Комби”...
Повеќе
Јасна Јасна Жмак
Јасна Јасна Жмак е писателка и freelance драматург. Живее во Загреб, Хрватска и работи во полето на изведувачките уметности, танцот,...
ПовеќеСинопсис
WoW Program | Непосредност во криза
Разговор што можеше да биде перформанс
во соработка со МОТ+
Непосредност во криза е предлог за потрага по потенцијалностите кои се кријат зад ограничувањата, наспроти тонењето во фрустрацијата од наметнатите забрани. Овој разговор што може(ше) да биде перформанс обединува некои од најблиските соработнички и театарски истомисленички на ПРВО ПА ЖЕНСКО, кои низ својата работа ги деконстурираат традиционалните динамики на моќ и хиерархии втемелени во изведувачките пракси, сега брутално разорени, зајакнати и/или контекстуализирани од пандемијата. Иако разделени во простор и време, заедно ќе се обидеме да ја вратиме непосредноста - иманентна на изведувачката уметност, а сега е укината со мерките кои не штитат од непознатиот вирус.
Учеснички: Јасмина Василева - актерка, Ана Дубљевиќ - изведувачка, танчерка, кореографка и културна работничка (Србија), Мод Хендрикс и Бернадет О’Рајли - Outlandish Theatre Platform (Ирска), Билјана Радиноска - режисерка и Јасна Јасна Жмак - писателка и драматург (Хрватска).