Тиииит! Инк. Тиииит! Инк..

Тиииит! Инк. е формирана како неформална група во јануари, 2011 година како резултат на желбата за активно дејствување во сферата на женските права, темелено на индивидуалното искуство на основачките во невладинoт сектор, културата, уметноста и медиумите. Со цел продлабочување на својата дејност и осигурување оддржливост на постигнатите резултати, од јануари, 2015 Тиииит! Инк. е формално регистрирана како непрофитна организација за промоција на женската активност. Основните сфери на интерес и дејствување на организацијата се женските права, женската интелектуална и креативна продукција, активното учество во промоцијата и развојот на независната културна сцена и граѓанскиот активизам во Македонија и регионот. Тиииит! Инк. ги реализира и унапредува своите активности во овие сфери преку поттикнување и афирмирање на различноста, истражувањата, неформалното обрзование и промоција преку креативна размена и соработка на актерите од овие области на дејствување. Досега организацијата има остварено успешни соработки со VoxFeminae - Загреб, BeFem - Белград, Pravo Ljudski - Сараево, како и со светскиот дистрибутер на филмови направени од/за жени Women Make Movies - САД. Активностите на Тиииит! Инк. се поддржани од јавни установи (Младински културен центар - Скопје, Кинотека на РМ) и од домашни и интернационални донатори (ФООМ, FRIDA Young Feminist Fund) и истите се широко препознаени и посетени од бројна публика на најразлична возраст. Во ноември 2014, Тиииит! Инк. беше иницијатор за формирање на Матка - платформа за слободен пристап до легален аборус заедно со 8 цивилни организации кои работат на полето на репродуктивните права, правата на жените и ЛГБТИ заедницата (ХЕРА, ЛезФем, Реактор, Коалиција за сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, Бори се Женски, Излез и Контрапункт). Од ноември, 2014 организацијата е член на регионалната мрежа Gendernet - неформална мрежа на организации кои се занимаваат со културни родни пракси низ медиумски, фестивалски и продукциски програми. Од самиот почеток на своето постоење, Тииит! Инк. реализира активности кои во својот фокус ја имаат активната женска сфера, нејзината поддршка и промоција. Организацијата реализира концептуални настани во областа на независната култура и уметност, како и хуманитарни настани што се темелат на ентузијазам, пријателска размена и креативна соработка на претставниците на локалната и регионална независна културна сцена и невладин сектор. Настаните за промоција и унапредување на женските права што ги организира Тиииит! Инк. се одликуваат со богата и разновидна програма и посетени се од многубројна публика. Активизмот и вмрежувањето се клучна точка и фокус на организацијата, а нејзините активности се и можност за унапредување на соработка помеѓу организациите кои работат на сродни теми во региониот и во ЕУ. Програмата на настаните е секогаш продлабочена со учеството на повеќе регионални и интернационални гости.



Контакт

Тим

Јана Коцевска дипломирала на Институтот за етнологија и антропологија, на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 2012 година. Од 2011 година почнува активно да делува во областа на женските права како дел од неформалната група Тиииит! Инк. која од јануари 2015 прераснува во Здружение на граѓани за промоција на женската активност Тиииит! Инк. Од декември 2013 е една од основачите на Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК), кој има за цел да го разбере, објасни и да покрене свесност за развитокот на национализмот во балканскиот регион, за комплексните односи со културата воопшто и неговото влијание на балканските општества.

Јана Коцевска

Јана Коцевска

Извршна директорка

Кика Леловац, интерсекторска феминистка, оргинална Тиииитовка и осмислувачка и остварувачка на ПРВО ПА ЖЕНСКО. Понекогаш глумица. Фултајм асистентка по глума на ФДУ. Се обидува да патува што почесто и што подалеку, конечно да докторира и лудо да се заљуби. Сонува да има ќерка и на ПРВО ПА ЖЕНСКО еден ден да свири Пети Смит.

Кристина Леловац

Кристина Леловац

Програмска координаторка

Јана Старделова е Скопјанка која живее и работи во Љубљана. Таа е една од основачките на организацијата и кума на фестивалот Прво па женско. Нејзините главни улоги во организацијата се: фандрејзинг, развој на проекти и програми, логистика и координација. Покрај тоа што е феминистка, активно работи и делува на следните подрачја: заштита на човековите права на мигрантите и бегалците, активирање на дијаспораta, развој на заедниците на локално ниво и неинституционални уметнички иницијативи на маргинализирани групи.

Јана Старделова

Јана Старделова

Програмска координаторка

Славица Ќурчинска (Куманово, 1977) има 10-годишно искуство во секторот за финансии и администрација во секторот за граѓански организации. Таа главно работи на планирање проекти и програмски буџети и нивно практично спроведување и внатрешно следење и евалуација на програмските и финансиските проектни активности. Таа е активна во граѓанскиот сектор од 2001 година. Нејзиното работно искуство е спој на новинарство и финансии. Во периодот од 1995-2001 година активно се занимава со новинарство, како дипломиран новинар. Подоцна таа се приклучи на граѓанскиот сектор и влезе во секторот администрација и финансии и дипломираше економија во 2021 година. Од ноември 2021 година работи како административен и финансиски координатор во Tiiiit! АД - Скопје.

Славица Ќурчинска

Славица Ќурчинска

Менаџерка за финансии и администрација

Елизабета Пољоска е архитектка, со завршени магистерски студии од областа на урбанизмот. Нејзиното професионално патување се протега низ различни сфери, главно карактеризирани со мултидисциплинарна суштина, со посебен акцент на животната средина. Нејзината експертиза се движи од изработка на архитектонски проекти до надгледување на градежната изградба на терен. Има повеќегодишно работно искуство во управување со инфраструктурни проекти во рамките на ИПА инструментот во Министерството за животна средина и просторно планирање, неколку академски ангажмани и теренска работа со студенти. Градот, како жив органограм, го привлекува нејзиниот интерес од повеќе агли. Во својство на проектна координаторка во Тиииит! Инк., низ активностите и иницијативите на организацијата придонесува во придвижување на неговото врантрешното ткиво, со длабок фокус на родовиот аспект и е посветена на збогатување на разновидноста на физичките и менталните простори.

Елизабета Пољоска

Елизабета Пољоска

Проектна координаторка

Јулијана Младеновска е дипломирана компаративистка која има работено на повеќе истражувачки проекти поврзани со медиуми, родови прашања и маргинализирани групи. Од 2020 година работи како проектна асистентка и помлада истражувачка во Институтот РЕСИС, а во тимот на Тиииит! Инк. се приклучува во 2022 година како координаторка за комуникации и социјални медиуми.

Јулијана Младеновска

Јулијана Младеновска

Kоординаторка за комуникации и социјални медиуми

Моника Јамандиловска е преведувачка по француски и англиски јазик, активна поддржувачка на феминистички иницијативи и градинарка. Горда волонтерка од првото издание на ПРВО ПА ЖЕНСКО, Моника веќе 10 години работи како дел од тимот. Моментално живее и работи во Скопје во секторот на операции и комуникации.

Моника Јамандиловска

Моника Јамандиловска

Волонтерка

Д-р Билјана Котевска е социо-правна истражувачка и интерсекциска феминистка. Нејзини главни истражувачки интереси се еднаквост и недискриминација, (интерсекциски) феминизам, европско право за човекови права, малцински права, национални институции за човекови права и други механизми за заштита на човековите права, методологии и методи за истражување на човековите права, и економски, социјални и културни права. Некои од нејзините најнови објавени трудови се „Феминистички активизам против ограничувањето на репродуктивните права во Република Македонија: Кампањата против новиот закон за абортус“ (објавено во Women’s Studies International Forum Vol.77 (ноември-декември 2019 година) во коавторство со Д-р Елена Спасовска) и Извештајот за родова еднаквост во Северна Македонија за 2019 година за Европска комисија. Билјана моментално работи како експертка за родова еднаквост за Лудвиг Болцман институтот за темелни и човекови права, надворешна соработничка на Институт за европска политика (ЕПИ) Скопје, национална експертка за родова еднаквост и недискриминација во мрежата на Европската комисија на правни експерти/ки за родова еднаквост и недискриминација, а е и правна експертка во Европската Унија ФРАНЕТ на Агенцијата за фундаментални права. Активна е во граѓанскиот сектор во Македонија, а во Југоисточна Европа, од 2007 година, вклучително и како членка во Бори се женски! од 2013 г.. Покрај истражување, таа има работено во управување со проекти и координација, стратешко планирање и проектна евалуација (на пример, за програмите Хоризонт Европа и ЦЕРВ). Билјана е вклучена и во образование и обука, вклучително и како предавачка на Правниот факултет на Универзитетот на кралицата во Белфаст (Велика Британија), каде што ги заврши и докторските студии на темата „Еднаквост и недискриминација во пост-југословенскиот простор: Интерсекционалноста во законодавството во Хрватска, Македонија и Словенија“. За ова истражување, таа беше наградена со специјална стипендија за постдипломски истражувања од Правниот факултет на Универзитетот на кралицата во Белфаст (Велика Британија) и Наградата за научник за граѓанско општество од Институтот отворено општество (Лондон/Њу Јорк). Таа има завршено додипломски студии на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј (Македонија), магистерски студии по демократија и човекови права во Југоисточна Европа на Универзитетот во Сараево (Босна и Херцеговина) и Универзитетот во Болоња (Италија), а е и магистерка по меѓународно право за човекови права (со одлики) од Универзитетот во Есекс (Велика Британија).

Билјана Котевска

Билјана Котевска

Членка на Управен одбор

Јован Близнаковски е политиколог со м-р. од Универзитетот во Љубљана и сегашна докторска стипендија на Универзитетот во Милано. Близнаковски има значително работно искуство во македонскиот тинк-тенк сектор и е автор на многу студии објавени во научни списанија, како поглавја во уредени томови, како и студии на политики и извештаи за истражување на јавното мислење.

Јован Близнаковски

Јован Близнаковски

Член на Управен одбор

Кумјана Новакова е куратор за подвижни слики и аудиовизуелни уметности.
Нејзиното формално образование ги комбинира општествените науки и студиите за општествено истражување во Софија, Сараево, Болоња и Амстердам.
Пред да влезе во кино, таа работеше како истражувач и учител на истражувачки методи и студии за идентитет во Сараево, Италија и САД. Во 2006 година таа беше ко-основач на Филмскиот фестивал „Право Људски“ во Сараево.
Во моментов работи како филмски куратор во Музејот на современи уметности во Скопје, како и еден од двајцата водечки истражувачи во програмата за интердисциплинарна теорија на уметноста на Музејот Радикално образование.
Таа има соработувано со различни филмски фестивали, кино платформи и изложби (ДОК Лајпциг - Германија, États généraux du film documentaire de Lussas - Франција, Play-DOC, Tui - Шпанија, Tiiiit.inc итн.), курирајќи широк спектар на програми и проекции за нејзините клучни области на интерес: колективна меморија, репрезентација, експериментално кино на поранешна Југославија, род, идентитет и независна кинематографија. Нејзиното пишување и истражување за филмот се објавени во списанија и каталози ширум светот.
Таа е вонреден професор на катедрата за не-фикција на ESCAC, Барселона, Шпанија, а порано предавала во фабриката за филм на Бела Тар во Сараево.
Како авторка, таа развива проекти меѓу киното и современата уметност, најчесто истражувајќи ја интеракцијата помеѓу идентитетите, сеќавањата и колективното јас.
Таа моментално живее во Скопје.

Кумјана Новакова

Кумјана Новакова

Членка на Управен одбор
Top