Инфо

Година

2017

Дата/Време

Четврток 18.05 20:00

Место

Кино Фросина

Земји учесници

MK | МК | MK | MK | MK |

Учесници

Румена Бужаровска

Румена Бужаровска

Румена е авторка на збирките раскази Чкртки (Или-или, 2007), Осмица (Блесок, 2010) и Мојот маж (Блесок, 2014), како и на...

Повеќе

Дина Дума

Дина Дума


Ана Јакимска

Ана Јакимска


Елеонора Венинова

Елеонора Венинова


Радован Петровиќ

Радован Петровиќ


Ар тисти

Синопсис

Отворање + Кратки филмови + Дискусија

Отворање + Кратки филмови + дискусија



Елена (2016, 15’)

Елена е стара дементна жена, која поради болеста мисли дека има седумнаесет години и се подготвува да се сретне со нејзинoто момче. Низ комични ситуации се
запознаваме со нејзиниот син кој треба да ја однесе во дом за стари лица, а за да ја изнесе од куќата почнува да ја лаже дека ја носи на состанок со момчето. Но, дали е сè навистина како што изгледа? Филмот е продукција на Пигменто Студио, а поддржан е од Агенцијата за филм на Република Македонија.
Режија: Дина Дума
Продуцент: Ванчо Мираковски
Директор на фотографија: Наум Доксевски
Играат: Ева Рас и Јордан Симонов



Долорес (2017, 14’) премиера

По еден од нивните вообичаени авантуристички излети, еден пар се наоѓа заклучен во тоалетот на националната опера. Додека го чекаат пријателот кој треба да ги ослободи, приморани се да се соочат со проблемите што ги мачат.
Сценарио и режија: Радован Петровиќ
Продуцент: Радован Петровиќ и Сања Тодоровска
Директор на фотографија: Андреј Лембанов
Играат: Долорес Поповиќ и Висар Вишка



Влакна (2013, 25’)

Детективката Вели го истражува убиството на младо девојче со едно срамно влакно како главен доказ, и таткото на девојчето како главен осомничен. Но, случајот и трагите кои ги открива ја принудуваат да си ја преиспита теоријата, дури и здравиот разум.
Сценарио и режија: Елеонора Венинова
Продуцент: Небојша Илијевски
Продукција: Партес Продукција
Директор на фотографија: Димо Попов
Играат: Ирена Ристиќ, Бојан Жировиќ, Слаѓана Вујошевиќ и Марија Арсенкова.



Ќе дојдат децата (2017, 19’)

Велика е млада учителка која е испратена да подучува деца во едно далечно планинско село. Како што деновите минуваат, од децата нема ни траг ни глас. Единствениот човек што го среќава во селото е една старица што работи во училиштето. Во селото, младата жена за прв пат ќе биде соочена со суровоста на животот и ќе мора да најде начин да преживее. Режија: Ана Јакимска Продуценти: Дејан Крајчевски и Марија Димитрова Продукција: Круг Филм Директор на фотографија: Наум Доксевски Играат: Наташа Петровиќ, Шенка Колозова и Владимир Петков – Шкаља

 

По проекцијата следува разговор со авторите, модериран од Румена Бужаровска.
Румена е авторка на збирките раскази Чкртки (Или-или, 2007), Осмица (Блесок, 2010) и Мојот маж (Блесок, 2014), како и на студијата за хуморот во книжевноста За смешното: теориите на хуморот низ призмата на расказот (Блесок, 2012). Предава американска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, се занимава со книжевен превод од англиски на македонски, а во изминативе две години заедно со Ана Василева и Тиииит! Инк. возбудено го мисли, посветено го создава и шармантно го води ПичПрич - омилената скопска гала вечер на раскажување (женски) приказни.

Top