Инфо

Година

2018

Дата/Време

Недела 06.05 17:00

Место

плато пред МКЦ

Земји учесници

MK | MK |

Учесници

Колектив Ветерница

Колектив Ветерница

Колектив Ветерница


Арс Ламина

Арс Ламина

Арс Ламина


Ар тисти

Синопсис

Презентација: работилница за деца „Почетен курс за бунтовници“ и промоција на книга: „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња"

Во рамки на тридневната креативна работилница „Почетен курс за бунтовници“ децата ќе ги запознаваат основните дефиниции на трудот и неговата поделба во рамките на општеството. Целта е поттикнување на работа во група, солидарност и соработка без разлика на родова припадност, развој на фантазијата и креативноста, и освестување на важноста на создавањето на еднаков свет за сите. Инспирацијата доаѓа од првото издание на македонски јазик на книгата „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“ која својата промоција ја има токму на ПРВО ПА ЖЕНСКО. „Приказни за добра ноќ за бунтовни девојчиња“ на Елена Фавили и Франческа Кавало е книга за деца и возрасни во која се вклучени 100 приказни за добра ноќ за животот на 100 неверојатни жени од минатото и сегашноста, илустрирани од 60 уметнички од целиот свет. Ова не се приказни за нежните принцези кои чекаат да дојде принцот и да ги спаси, туку за вистински жени од минатото и сегашноста кои постигнале неверојатни резултати, без разлика на околностите. Тие се бунтовни девојки кои го смениле текот на историјата.

Колектив Ветерница е независен и самоодржлив уметнички колектив кој реализира едукативнокреативни работилници, летни и зимски школи за деца и млади, и програми за совладување на наставната програма преку асоцијативно учење, а се занимава и со издаваштво. Основан од Марија Бејкова - актерка, Ивана Нелковска - драматург, Билјана Митева - социјална работничка, Билјана Димитрова - културна работничка и Сања Врбек - политиколог, овој женски колектив меѓудругото работи и на промена на сфаќањата дека танцот е наменет исклучиво за девојчиња.

Основана во 2005-тата, Арс Ламина денес е еден од најголемите издавачи на академската, научната и белетристичката литература во земјата и една од 200 најуспешни компании во Македонија.

Top