Виктор Бучковски

Виктор Бучковски е магистер по право и граѓански активист чии интереси се движат меѓу културата, јазикот, комуникациите и општествените промени. Во својата работа е особено заинтересиран за начините на кои јавниот простор, јазикот и културата можат да се користат како алатки за отворање важни општествени теми и создавање нови заедници. Тој е дел од ХЕРА, […]
Благица Петрова

Благица Петрова повеќе од 10 години професионално се занимава со финансии и финансиска аналитика во граѓанскиот сектор. Присутна е и во бизнис секторот како социјална претприемачка, спојувајќи ги економската одржливост и општествената промена. Активистка е за ЛГБТИ+ правата. Една од основачките на квир уметничкото дуо Бучкуруж преку кое од сосема неодамна го откри перформансот како […]
Андреа Угриноска

Андреа има долгогодишно искуство во различни сектори, вклучувајќи невладини организации, меѓународни организации, владини тела и третиот сектор. Таа има диплома по психологија и две магистерски дипломи, една од Слободниот универзитет во Брисел за европска социјална интеграција и за меѓународни односи од програмата на УНЕСКО на Универзитетот во Инсбрук. Кариерата ја започна во Северна Македонија каде […]
Кристина Леловац

Кика Леловац, интерсекторска феминистка, оргинална Тиииитовка и осмислувачка и остварувачка на ПРВО ПА ЖЕНСКО. Понекогаш глумица. Фултајм асистентка по глума на ФДУ. Се обидува да патува што почесто и што подалеку, конечно да докторира и лудо да се заљуби. Сонува да има ќерка и на ПРВО ПА ЖЕНСКО еден ден да свири Пети Смит.
Јана Старделова

Јана Старделова е Скопјанка која живее и работи во Љубљана. Таа е една од основачките на организацијата и кума на фестивалот Прво па женско. Нејзините главни улоги во организацијата се: фандрејзинг, развој на проекти и програми, логистика и координација. Покрај тоа што е феминистка, активно работи и делува на следните подрачја: заштита на човековите права на […]
Јана Коцевска

Јана Коцевска дипломирала на Институтот за етнологија и антропологија во Скопје. Основачка е на Здружението за промоција на женската активност „Тиииит! Инк“ и е една од основачките на феминистичкиот фестивал „Прво па женско“. Исто така, таа е една од основачите на ЦИНИК – Центарот за истражување на национализмот и културата. Во изминатата деценија активна е […]
Славица Ќурчинска

Славица Ќурчинска (Куманово, 1977) има 10-годишно искуство во секторот за финансии и администрација во секторот за граѓански организации. Таа главно работи на планирање проекти и програмски буџети и нивно практично спроведување и внатрешно следење и евалуација на програмските и финансиските проектни активности. Таа е активна во граѓанскиот сектор од 2001 година. Нејзиното работно искуство е спој […]
Јулијана Младеновска

Јулијана Младеновска е комуниколог и културна работничка со повеќегодишно искуство во областа на комуникациите, истражувањето и управувањето со проекти во граѓанскиот и културниот сектор. Дипломирала општа и компаративна книжевност, а магистрирала комуникации. Нејзините професионални интереси ги опфаќаат родовата еднаквост, културата, човековите права и општествените промени. Моментално работи во Тиииит! Инк., каде што е ангажирана во […]