Инфо

Година

2020

Дата/Време

Четврток 20.08 20:30

Место

ЦАЦ Мобилна галерија, Парк на Франкофонијата

Земји учесници

МК |

Учесници

PERIOD Skopje

PERIOD Skopje

PERIOD Skopje како поглавје на Period. The Menstrual Movement е младински предводена непрофитна организација. PERIOD Skopje се бори за ставање...

Повеќе

Ар тисти

Синопсис

Period. End of Sentence.

Младинска програма 

Проекција на едукативен филм и форум дискусија 

во соработка со Period. The Menstrual Movement Skopje

 

Кога во светот со широко распространета нееднаквост, ксенофобија, полициска бруталност, расизам, јакнење на популистичките и фундаменталистички движења и неповратно уништување на природата, младите жени ќе се здружат, тие можат да поттикнат клучни промени. Девојките здружено го разнишуваат патријархатот, ги штитат човековите права и ги надминуваат нееднаквостите. ПРВО ПА ЖЕНСКО отсекогаш бил отворен простор за локалните младински иницијативи со феминистичка агенда. Така, годинава се здруживме со девојките од PERIOD Skopje во развојот и реализацијата на програмата на Фестивалот првенствено наменета за младинската публика, која овој пат е фокусирана на темата на менструалната сиромаштија. Пристапот до санитарни производи, безбедни, хигиенски простории во кои тие можат да се користат, како и правото да се живее со менструацијата без срам или стигма, е од суштинско значење за секој што менструира. За жал, за многумина, ова не е реалност. Менструалната сиромаштија не е само потенцијален здравствен ризик - таа може да влијае и на пристапот до образование, развојот, а може да се одрази на целокупниот квалитет на животот.

Top